Теорија на заговор за адренохром лажно тврди дека Путин нашол масовна гробница со деца на Гренланд

Пејзаж од Гренланд за време на поларна ноќ Фото: Quintinsoloviev, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Не постои никаква руска елитна единица „Адренохром“ на Гренланд. Нема никакви руски војници на Гренланд. Одбраната на Гренланд е одговорност на Кралството Данска. Владата на Гренланд нема контрола врз воените или надворешните работи. Не е првпат да се тврди дека Путин открил некакви лаборатории за измачување деца за правење адренохром. Вакви тврдења имаше за Украина, но истите беа дебанкирани од светските сервиси за проверка на фактите.

Не постои никаква руска елитна единица „Адренохром“ на Гренланд. Нема никакви руски војници на Гренланд. Одбраната на Гренланд е одговорност на Кралството Данска. Владата на Гренланд нема контрола врз воените или надворешните работи. Не е првпат да се тврди дека Путин открил некакви лаборатории за измачување деца за правење адренохром. Вакви тврдења имаше за Украина, но истите беа дебанкирани од светските сервиси за проверка на фактите. Теоријата на заговор за адренохром е една од најраспространети лажни информации кои ги шират припадниците на движењето Кју Анон

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека војската на Путин на Гренланд открила масовни гробници со деца кои биле измачувани и искористени за од нив да се вади адренохром.

НЕРВЕН ЦЕНТАР на глобалниот центар на ТРГОВИЈА СО ДЕЦА = Гренланд беше темна транзитна точка која донесе жртви од најтемните делови на Европа во САД, Гренланд, во врска со делот на Путин. Нескротливата граница на светот мора да застане!

ДУРИ И ЧЕЛИЧНИТЕ ВОЈНИЦИ НА ЕЛИТНИТЕ ЕДИНИЦИ НА ПУТИН повраќаа кога видоа. Еден од нив го нарече „кланица на невиноста“ Оваа недела „шепотењата“ од првите редови на „војната“ во Украина се претворија во крици – застрашувачки тајни откриени од руската елитна единица „Адренохром“, избрана од Путин.

Масовни гробници. Плитки јами исполнети со згмечени тела на деца, нивните изнемоштени скелети обележани со непогрешливите лузни на адренохромизацијата – ритуални исеченици, издлабени очи и траги од тортура што никој никогаш не треба да ги види или издржи, стои во објавата.

На почетокот вреди да се напомене дека оваа информација е преземена од сајтот Peoplesvoice, веб страница со седиште во Лос Анџелес која е позната по обајвувањето лажни вести.

Прво, не постои никаква руска елитна единица „Адренохром“ на Гренланд. Нема никакви руски војници на Гренланд. Одбраната на Гренланд е одговорност на Кралството Данска. Владата на Гренланд нема контрола врз воените или надворешните работи. Во историјата на Гренланд имало многу промени на присуството во однос на тоа кој е задолжен за безбедноста на народот на Гренланд и неговата територија. Најважниот дел од одбранбената територија на Гренланд остануваат 12-те поморски зони.

Не е првпат да се тврди дека Путин открил некакви лаборатории за измачување деца за правење адренохром. Вакви тврдења имаше за Украина, но истите беа дебанкирани од светските сервиси за проверка на фактите.

Слични тврдења имаше и за време на првиот мандат на Доналд Трамп, во 2020 година, дека  американската војска во продавницата за облека „Аберкромби и Фич“ пронашла работилница за адренохром и дека таа била запалена, а 100 деца биле спасени. И ваквите тврдења беа дебанкирани.

Теоријата на заговор за адренохром е една од најраспространети лажни информации кои ги шират припадниците на движењето Кју Анон.

Иако никогаш со докази не е потврдено дека постои некаква пракса да се екстрахира адренохром од деца, сепак наративот не престанува да циркулира на социјалните мрежи. Според Кју Анон теоријата на заговор, адренохромот е супстанца која претставува еликсир на младоста и мора да се извлече од жив организам, а потоа жртвата да умре. Така, без докази, а со години, слично како и во објавата што ја анализираме, се тврди дека луѓе од „длабоката држава“ користат адренохром од телото на деца кои претходно биле киднапирани, мачени и убиени, за потоа да го конзумираат и да останат млади.

Наспроти овие недокажани измислици, кои се споделени во постот, вистината е дека  адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3, кое се добива со оксидација на адреналин (епинефрин). Се користи како лек во форма на негов дериват за лекување на загубата на крв како хемостатик. Тврдењата дека има својства против стареење немаат никаква основа во реалноста и фактите. 

Како што потенцираат проверувачи на факти од Грција, адренохромот е достапен за истражувачите во синтетичка форма. Според нив, идејата дека супстанцата мора да се извлече од жив организам за да има својства против стареење, освен што нема научна основа, се базира на филмот „Страв и омраза во Лас Вегас”, во кој еден од протагонистите продава адренохром и вели дека за да има ефект адренохромот мора да се извади од жив човек.

Единствениот извор за тврдењата на теоретичарите на заговор кои ја поддржуваат идејата на Кју Анон, може да се само филмовите и книгите и тоа базирани на фантазијата на авторот. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето.

Дополнително, доколку на Гренланд навистина била пронајдена масовна гробница со деца, како што тоа се тврди во објавата, сигурно тоа ќе беше светска вест број еден. Ние таква вест не успеавме да најдеме никаде.

Поради сето погоре, објавата која ја анализираме ја цонеуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција