Теорија на заговор за слетувањето на Месечината, повторно актуелна

Снимка на Планетата Земја од сателит Фото: Ghost Presenter, CC0, via Wikimedia Commons

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме не е точно дека „актери признавале дека слетувањето на месечината било најголемиот пранк во светот“. Имено, астронаутот Баз Олдрин заедно со Нил Армстронг беа првите луѓе што чекореа на Месечината во мисијата „Аполо 11“ во 1969 година. Проверувачите на факти на „Фулфект“ пишуваат дека Баз Олдрин никогаш не признал дека „не бил на Mесечината“. 

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме не е точно дека „актери признавале дека слетувањето на Месечината било најголемиот пранк во светот“. Имено, астронаутот Баз Олдрин заедно со Нил Армстронг беа првите луѓе што чекореа на Месечината во мисијата „Аполо 11“ во 1969 година. Проверувачите на факти на „Фулфект“ пишуваат дека Баз Олдрин никогаш не признал дека „не бил на Mесечината“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

20.07.2025 Земјата е рамна. Сонцето ротира во нашата планета. Над нас има капак украсен со звезди над кого бдеат моќни ангели. Звездата која паѓа е шејтан кој се дрзнал да прислушкува под капакот. Што вели НАСА? Бевме на Месечината.Мал чекор за мене но голем за човештвото. Денес после 50години …актерите во тие видеа, признаваат дека лажеле. Цитат ,,тоа беше најголемиот пранк во светот ,, Време е за вистина. Нашиот вечен непријател е најмоќен кога е во сенка. Шејтанот.
Не е точно дека „Земјата е рамна“. Постојат многу начини да се докаже дека Земјата не е рамна, а една брза опција е да ја проверите библиотеката со фотографии на НАСА, која е преполна со фотографии од Земјата направени од Меѓународната вселенска станица на кои се гледа обликот на Земјата. Освен НАСА, и Русија има слики од тркалезната Земја, а такви фотографии кои ја побиваат теоријата дека Земјата е рамна имаат направено и јапонската вселенска агенција и Кина. 
Мислењето дека Земјата е сфера било целосно потврдено уште од античките грчки филозофи како Аристотел (384–322 п.н.е.), кој добил емпириски докази откако патувал во Египет и видел нови соѕвездија. Доказ дека Земјата не е рамна е и фактот што различни локации на Земјата имаат различни годишни времиња во ист период. Кога во САД е лето, во Австралија е зима. Или кога во Италија е зима, во Аргентина е лето. Тоа е затоа што сончевите зраци, кои се речиси совршено паралелни, удираат на Земјата под различни агли. Кога Земјата би била рамна, сончевите зраци секогаш би биле под ист агол, што значи дека САД, Австралија, Италија и Аргентина би ги имале истите годишни времиња во ист период. Освен тоа, зајдисонцето и изгрејсонцето се случуваат во различни периоди во зависност од вашата географска должина, што потврдува дека Земјата не е рамна. Кога би била рамна, тогаш некој во Њујорк и некој во Лос Анџелес би го виделе Сонцето како изгрева и заоѓа во исто време. Н, во пракса, разликата е приближно три часа.

НАСА пишува дека индиректни докази дека Земјата има округла форма постоеле подолго врмее, но фотографски доказ недостасуваше до 20 век.

Античките Грци верувале дека земјата е тркалезна и го пресметале нејзиниот обем со неверојатна точност. Со придобивката на авијацијата, фотографите можеа да достигнат висини од кои може да се сними заобленоста на Земјата. Со ракети и вселенски летала кои враќале на Земјата фотографии од големи растојанија од Земјата, можевме да ја гледаме Земјата како мала сина оаза. Благодарение на овие фотографии добивме подобро разбирање за Земјата и нашето место во универзумот, пишува НАСА.

Универзитетот во Невада, Лас Вегас, во својот напис: „Знаци дека земјата е тркалезна: Како науката докажува дека нашиот дом е топка“ вели:

Качете се на авион и летајте до Кејптаун, Јужна Африка или Мелбурн, Австралија, два најголеми града лоцирани на јужната хемисфера. Таму, нема да можете да ја видите ѕвездата Северница.

По истиот принцип, небо ноќе изгледа различно зависно од тоа во кој дел од светот се наоѓате. Друг пример за заобленоста на земјата е тоа што бродовите исчезнуваат зад хоризонтот кога отпловуваат, пишуваат проверувачите на факти на Лид Сторис.

Земјата орбитира околу Сонцето. Додека Земјата орбитира околу Сонцето, таа завршува една ротација на секои 23,9 часа. Потребни се 365,25 дена за да се заврши едно патување околу Сонцето. Таа дополнителна четвртина од денот претставува предизвик за нашиот календарски систем, кој една година брои како 365 дена. За да ги одржуваме нашите годишни календари конзистентни со нашата орбита околу Сонцето, на секои четири години додаваме еден ден. Тој ден се нарекува престапен, а годината на која е додадена се нарекува престапна.

Тврдењето дека Сонцето е во нашата планета не е поткрепено со никакви научни докази и факти, туку е дадено произволно. Научните факти говорат дека Сонцето не е во нашата планета, туку тоа е оддалечено 150 милиони километри од Земјата.

Нашето Сонце е жолта џуџеста ѕвезда стара 4,5 милијарди години – жешка блескава топка од водород и хелиум – во центарот на нашиот Сончев систем. Таа е оддалечена околу 93 милиони милји (150 милиони километри) од Земјата и е единствената ѕвезда на нашиот Сончев систем. Без енергијата на Сонцето, животот каков што го знаеме не би можел да постои на нашата матична планета, пишува на официјалната веб страница на НАСА.

Проверувачите на факти на „Ројтерс“ пишуваат дека луѓето на Земјата не живеат под „купола“ како што се наведува во објавата – капак, а во што веруваат оние што мислат дека Земјата е рамна плоча. Теоријата е невистинита и има бројни докази – ракети кои што стигнуваат во вселената без да „удрат“ во купола. Експертите за „Ројтерс“ посочуваат дека ако имало „купола“ над Земјата, космонаутите досега ќе ја сретнеа. Лора Бличер, комуникациски менаџер во Центарот за летови во вселената на НАСА, за „Ројтерс“ вели дека „НАСА има испратено вселенски летала далеку во соларниот систем и уште подалеку, и нема сретнато купола“.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме не е точно дека „актери признавале дека слетувањето на месечината било најголемиот пранк во светот“. Имено, астронаутот Баз Олдрин заедно со Нил Армстронг беа првите луѓе што чекореа на Месечината во мисијата „Аполо 11“ во 1969 година. Причината поради која тие имаат ѕвезди на холивудската ѕвездена патека, не е зашто се „актери“ туку затоа што „телевизискиот пренос од слетувањето на Месечината, беше најважниот единствен пренос во живо на телевизија досега!“. Армстронг, Олдрин и Колинс не работеле во телевизиската индустрија. Проверувачите на факти на „Фулфект“ пишуваат дека Баз Олдрин никогаш не признал дека „не бил на месечината“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција