Теорија на заговор за уривањето на зградите во САД на 11 септември 2001
Двата авиона директно ги погодија двете кули. Третата зграда не беше погодена од авион, туку претрпе оштетувања од урнатините на Wold trade center 1 и повеќечасовни неконтролирани пожари. NIST направил посебна детална истрага за WTC 7 и експлицитно ја разгледал и можноста за експлозија или намерно рушење. Заклучокот бил дека нема докази за експлозивен настан што го предизвикал уривањето
Двата авиона директно ги погодија двете кули. Третата зграда не беше погодена од авион, туку претрпе оштетувања од урнатините на Wold trade center 1 и повеќечасовни неконтролирани пожари. NIST направил посебна детална истрага за WTC 7 и експлицитно ја разгледал и можноста за експлозија или намерно рушење. Заклучокот бил дека нема докази за експлозивен настан што го предизвикал уривањето
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Она кога веруваш дека два авиони можат да срушат три згради….. Сигурно си вакциниран комплетно.
Во склоп на објавата има 2 фотографии. На првата на англиски јазик пишува „овие луѓе знаат дека 11 септември беше внатрешна операција“. Втората фотографија е од наводно обраќање коешто никогаш не се случило, наводно кон тогашниот претседател на САД Џорџ Буш (кој беше претседател во времето кога се случи нападот врз кулите близначки на 11 септември 2001 година). Содржината на невистинитото обраќање е „господине претседател имавме доволно нанотермит преостанато за да ја минираме третата зграда, но заборавивме да назначиме авион да ја урне, како и да е најголемиот дел од населението е толку под дејство на флуор што не би требало да е проблем“.
Објавата претставува теорија на заговор. На 11 септември 2001 г. четири авиони што летаа над источниот дел на САД беа преземени утрото од мали групи киднапери. Потоа, тие беа искористени како огромни „контролирани проектили“ за да се урнат значајни објекти во Њујорк и Вашингтон. Два авиона удрија во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, при што вториот удар се случи 17 минути по првиот. Зградите се запалија, заробувајќи луѓе на горните катови и обвивајќи го градот во чад. За помалку од два часа, двете кули со по 110 ката се урнаа среде огромни облаци од прашина. Третиот авион ја уништи западната страна на Пентагон – огромното седиште на американската војска, сместено во непосредна близина на главниот град Вашингтон. Четвртиот авион се урна на поле во Пенсилванија откако патниците пружија отпор. Се претпоставува дека киднаперите имале намера да ја нападнат зградата на Капитол во Вашингтон.
Клучниот дел од дезинформацијата се однесува на третата зграда – WTC 7. Таа била 47-катна деловна зграда која не била погодена од авион. Но, при уривањето на WTC 1, остатоци од зградата ја оштетиле WTC 7 и предизвикале пожари на најмалку десет ката. Пожарите продолжиле со часови без да бидат ставени под контрола. Според NIST (Национален институт за стандарди и технологија на САД) – топлината предизвикала ширење на челичните носачи, оштетување на подните конструкции и губење на потпората на критичниот столб 79. Неговото откажување иницирало каскада на структурни откажувања, која довела до целосно уривање на зградата.
Следствено, двата авиона директно ги погодија двете кули. Третата зграда не беше погодена од авион, туку претрпе оштетувања од урнатините на Wold trade center 1 и повеќечасовни неконтролирани пожари. NIST направил посебна детална истрага за WTC 7 и експлицитно ја разгледал и можноста за експлозија или намерно рушење. Заклучокот бил дека нема докази за експлозивен настан што го предизвикал уривањето.
Фотографијата со наводното обраќање до Џорџ Буш, во која се тврди дека „имавме доволно нанотермит“, не претставува доказ или автентичен документ од Белата куќа, туку е манипулативна графика конструирана за да ја поддржи теоријата на заговор. Во официјалните истраги и документи за 11 септември нема потврда дека претседателот Буш добил такво известување или дека американските власти имале план за минирање на WTC 7. Самата Национална комисија за терористичките напади од 11 септември документира дека четири авиони биле киднапирани: два удриле во кулите, еден во Пентагон, а четвртиот се урнал во Пенсилванија.
Самата теорија на заговор дека 11 септември 2001 година бил „внатрешна операција“ (inside job) се темели на тврдењето дека американските власти, разузнавачките служби или други структури намерно дозволиле, организирале или помогнале во нападите со цел да создадат оправдување за последователните воени и политички акции на САД. Како „докази“ приврзаниците на оваа теорија најчесто ги наведуваат брзината и начинот на уривањето на кулите, уривањето на WTC 7, наводни експлозии и присуство на „нанотермит“, како и тврдења дека властите однапред знаеле за нападите. Сепак, овие тврдења не се потврдени со веродостојни докази, а официјалните истраги, вклучително и деталните технички анализи на NIST и истрагата на Комисијата за 11 септември, не утврдиле дека американската влада го организирала нападот или дека зградите биле намерно урнати со експлозив.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар