Тестот за дрога за полицајци е во Бугарија, а не во земјава
Испуштањето на клучни информации од насловот ги наведува читателите на погрешни заклучоци, но служи и за манипулација. Кога корисниците на социјалните мрежи ќе прочитаат дека „сите вработени во полицијата ќе се тестираат на тест за дрога“ автоматски помислуваат дека се работи за македонската, а не за бугарската полиција, како што е во овој случај.
Испуштање на клучни информации од насловот ги наведува читателите на погрешни заклучоци, но служи и за манипулација. Кога корисниците на социјалните мрежи ќе прочитаат дека „сите вработени во полицијата ќе се тестираат на тест за дрога“ автоматски помислуваат дека се работи за македонската, а не за бугарската полиција, како што е во овој случај
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Сите вработени во полицијата ќе се тестираат на тест на дрога.
Објавата има над 200 реакции и над 40 коментари.
Од коментарите под објавата се гледа дека мнозинството од корисниците на социјалните мрежи коментираат за македонската полиција, поточно за припадниците на Министерството за внатрешни работи.

Меѓутоа, кога ќе се пристапи на линкот до текстот на сајтот во првиот коментар под најавата, се добива сосема поинаква содржина од онаа што првично се остава впечаток дека ќе се прочита. Имено, текстот на линкот во првиот коментар се однесува на бугарската полиција, односно на Министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Сите вработени во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, вклучително и кадетите од Академијата на Министерството за внатрешни работи, ќе бидат подложени на тестирање за дрога. Ова е јасно од Правилникот за условите и постапката за утврдување на употреба и злоупотреба на наркотични супстанции или нивни аналози во Министерството за внатрешни работи (МВВ), кој е објавен за јавна дискусија на владиниот портал за консултации. Тестирањето за дрога на полицајците ќе се спроведува по наредба на министерот за внатрешни работи, генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи, како и на раководителите на главните структури или на раководителите на регионалните дирекции, пишува во текстот.
„Вистиномер“ на други медиуми ја пронајде информацијата од истиот ден, 18 април 2026 година, и таму е јасно наведено дека се работи за реформа во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, а не за реформа во македонското МВР.
Тоа што во насловот и најавата во објавата што ја рецензираме не е наведено дека реформата се однесува на Бугарија, претставува манипулативна техника, а со оглед на тоа што дел од граѓаните на социјалните мрежи го читаат само насловот и најавата и не навлегуваат во подлабинско читање на текстот и деталите, тоа може да доведе до нивно погрешно информирање, односно да си помислат дека реформата со тестирањето за дрога се однесува на македонската полиција, што не е случај. Така, во коментарите најголемиот дел од нив коментираат за македонската полиција, што ја потврдува оваа веројатност дека текстот не го прочитале, а од половичниот наслов во кој се скриени важни факти (дека се работи за реформа на бугарската полиција) добиле и погрешен впечаток.
Ваквото испуштање на клучни информации од насловот ги наведува читателите на погрешни заклучоци, но служи и за манипулација. Кога корисниците на социјалните мрежи ќе прочитаат дека „сите вработени во полицијата ќе се тестираат на тест за дрога“ автоматски помислуваат дека се работи за македонската, а не за бугарската полиција, како што е во овој случај.
Со реформата во Бугарија, наредбата за тестирање на полициски службеници за присуство на наркотични супстанци може да се издаде под експлицитно наведени услови – во присуство на надворешни знаци, однесување или реакции, по мотивиран предлог на директниот раководител или за време на ненадејна инспекција. Тестирањето за дрога во Бугарија врз полициските службеници може да се спроведе и за време на дисциплинска постапка.
Во земјава, МВР има информирано за набавка на тестовите што детектираат повеќе супстанци одеднаш, меѓутоа тие тестови се однесуваат на учесниците во сообраќајот, а не на вработените во МВР.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар