Теута Арифи
Ветувања
Теута Арифи (албански: Teuta Arifi), е родена во Тетово на 19 октомври 1969 год. Таа е македонска политичарка, универзитетски професор, поранешен пратеник и актуелен градоначалник на Тетово.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Теута Арифи (албански: Teuta Arifi), е родена во Тетово на 19 октомври 1969 год. Таа е мажена и мајка на две деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Д-р Теута Арифи дипломирала филолошки науки на Универзитетот во Приштина во 1991 година, во 1995 магистрирала филологија на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Докторирала на филолошки науки на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Покрај албански и македонски, зборува и турски, англиски, француски, италијански, српски и хрватски јазик.
КАРИЕРА
Од 10 јануари 1997 била асистент професор по предметот Историја на албанската литература на Катедрата за албански јазик и литература на Филолошкиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Од октомври 2001 е асистент по предметот Мултикултурни прашања на Педагошкиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ, Тетово, а од 2001 до 2006 година била декан на Педагошкиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ и член на Заедничкиот одбор на Универзитетот на ЈИЕ.
Таа е ангажирана како член на истражувачкиот тим на Институтот за мир на Универзитетот во Хамбург, за работата на Високиот комесар за малцински прашања во ОБСЕ. Член е на советодавачкиот борд на екипа за истражување на положбата на малцинствата во јужниот дел на Европа, Централно –европската иницијатива, Будимпешта, како и член на Бирото на Управниот комитет за рамноправност на Советот на Европа. Била член на делегацијата на Република Македонија на Четвртата светска конференција за правата на жените во Пекинг и член на македонската делегација во ОБСЕ, Виена , како дел од работната група за човековата димензија.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Во мај 2002 година станува пратеник во Собранието на Република Македонија, од редовите на ДУИ. Таа е раизбрана за член на парламентот во 2006, 2008 и 2011 година. Како член на парламентот таа извршува низа задачи вклучувајќи ја функцијата претседател на Комисијата за надворешни работи, претседател на комисијата за култура и член на делегацијата на собранието на Република Македонија во Советот на Европа и шеф на делегацијата на собранието во НАТО.
Таа во јули 2011 година беше избрана за заменик-премиер на Република Македонија задолжена за европски прашања. Д-р Теута Арифи исто така е и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), главната албанска политичка партија во Македонија на Албанците.
Во март 2013 година за првпат е избрана за градоначалник на Тетово. На локалните избори во октомври 2017 година по вторпат го доби градоначалничкиот мандат во Општина Тетово.
ИЗВОРИ
Веб-сајт на Влада на Република Македонија (Архива) – Теута Арифи
Википедија: Теута Арифи
Веб-сајт на општина Тетово: Биографија на градоначалникот
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар