Општина Тетово започна со акција за ослободување на тротоарите и пешачките патеки

Една од главните улици на Тетово каде помина „метлата“ на Општината. Фото: ФБ профил на Теута Арифи

Во предизборната кампања за локалните избори (септември-октомври 2017 година) градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вети чиста животна средина, подобрување на инфраструктурата со нови тротоари и нивно максимално користење. Во врска со ова во нејзината изборна програма „ Заедно, за Општината што ја сакаме“ , во делот „Патна инфраструктура, паркинг и јавен транспорт“ стр 23, се вели „дека е во тек е реконструкција на тротоарите“ и притоа се ветува дека „по нејзиното завршување ќе се поставува урбана опрема за максимално користење на јавните простори од граѓаните“. Ова ветување на градоначалничката Арифи е во тек

 

Ветување: По завршување на реконстркцијата на тротоарите ќе се поставува урбана опрема што ќе овозможи максимално користење на јавните простори од граѓаните

[Изборна програма за локалните избори 2017 г. на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи: „ Заедно, за Општината што ја сакаме“  стр 23 , датум: октомври 2017 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната кампања  за локалните избори (септември-октомври 2017 година) градоначалничката на Тетово, Теута Арифи,  вети чиста животна средина, подобрување на инфраструктурата со нови тротоари и нивно максимално користење. Во врска со ова во нејзината изборна програма  „ Заедно, за Општината што ја сакаме“ , во делот „Патна инфраструктура, паркинг и јавен транспорт“ стр 23, се вели „дека е во тек е реконструкција на тротоарите“  и притоа се ветува дека „по нејзиното завршување ќе се поставува урбана опрема за максимално користење на јавните простори од граѓаните“. Ова ветување на градоначалничката Арифи е во тек.

На 1 март, Општина Тетово излезе со соопштение кое беше објавено и на официјалниот профил на градоначалничката на Тетово, каде  известува за почеток на кампањата „Tвој град, твој простор”,  при што се повикуваат „сите претприемачи кои го узурпираа јавниот простор во рок од 8 дена доброволно да го ослободат“. А, истиот ден на нејзиниот профил, исто така, е објавен и Законот за јавна чистота врз основа на кој се повикуваат претприемачите да ги ослободат јавните површини.

За ова акција од Општина Тетово известија и преку видео материјал објавен во Фејсбук профилот на градоначалничката, каде има повик до граѓаните и се дадени дополнителни објаснување за акцијата.

Во врска со оваа акција на 12.03.2018 од Општина Тетово изјавија:

После рокот од осум дена, и со информирање на сопствениците да ги ослободат јавните простори, комуналните инспектори денеска почнаа со акцијата за почеток на ослободување на тротоарите и пешачките места со цел слободна употреба од граѓаните.

Ги поттикнуваме сите сопственици на приватните бизниси и ја поздравуваме нивната подготвеност за соработка и за ослободување на јавните простори од нивните материјали. Ова акција ќе продолжи во сите улици и сите јавни простори во градот, а истиот ќе трае толку колку што ќе биде неопходно за да ги вратиме јавните простори во употреба на граѓаните. Сите кои нема да го почитуваат оваа барање и ќе постапат спротивно на барањата на комуналниот инспекторат ќе се казнуваат со соодветни казни.

На 16.03.2018 од Општина Тетово известија за текот на акцијата, а истата изјава беше пренесена и во медиумите:

Кампањата за ослободување на јавните простори се одвива успешно и ги даде очекуваните првични резултати за враќање на јавниот простор на граѓаните.

Во периодот што следува, Општинскиот инспекторат и Државниот пазарски инспекторат во соработка со МВР Тетово засилено ќе продолжат со работа и ќе го мониторираат систематски ослободувањето на тротоарите и зелените простори.

Имајќи ги предвид сите горенаведени информации, ова изборно ветување на градоначалничката на Тетово Теута Арифи има оценка „во тек“.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција