ТикТок и руската кампања за мешање во романските избори

Фото: колаж во Канва, Kremlin.ru, via Wikimedia Commons

Никој не можеше да ги превиди резултатите од првиот круг на претседателски избори во Романија, каде независниот кандидат Калин Георгеску освои 23 отсто од гласовите. Но, токму заради овие резултати никој не беше изненаден кога се обелоденија информации дека зад неговиот метеорски раст стојат руски дезинформациски мрежи на ТикТок. Ова доведе до највисокиот романскиот суд да ги поништи резултатите од гласањето

  

 

Во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Романија, требаше ќе се одржат оваа недела (08.12.2024), ТикТок отстрани три проруски мрежи на профили кои го поддржуваат прорускиот, екстремно десничарски националист и кандидат за претседател, Калин Георгеску. Според американскиот Вашингтон Пост, повеќе романски агенции и експерти алармираат дека координираната пропагандна кампања и несоодветно финансирање на ТикТок се причината за изненадувачката поддршка што ја доби Георгеску. А, дотолку беше голема поддршката за Георгеску што тој влегува како водечки кандидат во вториот круг, освојувајќи 23 отсто од гласовите во првиот круг, додека предизборните анкети му даваа едвај 6 отсто.

Сите овие случувања кулминираа во протести, каде илјадници Романци се собраа на Универзитетскиот плоштад во центарот на Букурешт. И токму затоа непосредно пред објавување на овој напис излегоа вестите дека романскиот уставен суд ги да ги поништи резултатите од гласањето. Ова беше и причината зошто ТикТок во вторникот сведочеше пред Европскиот парламент, соочувајќи се со обвинениjата дека не постапувале правилно со политичката содржина што e објавена на нивната платформа поврзана со претседателски избори во Романија.

Директорите на ТикТок открија дека ги отстраниле две кампањи насочени кон влијание на романските гласачи и една позната кампања која претходно ја врза за медиумот Спутник, поддржан од Кремљ и која повторно се појави на нивната  платформа, пренесуваат од Политико.

Според Блумберг, Тикток ги отстрани овие профили, бидејќи тие не ја откриле својата (политичка) припадност – нешто што е спротивно на правилата на платформата која забрануваат политичко рекламирање. Ваквиот тип на политичко рекламирање не е само спротивно на политиките на ТикТок, туку спротивно на романските избори закони. А, отстранетите сметки не го поддржува само Георгеску, туку и другиот независен кандидат, заменик-шефот на НАТО, Мирчеа Џоана.

Од Политико пишуваат дека две од мрежите биле лансирани од Романија. Едната мрежа содржела 78 сметки со речиси две илјади следбеници и го промовираше Георгеску. Додека втората мрежа од содржела само 12 профили и го промовираше Џоана.

Последната кампања, пак, била онаа на рускиот Спутник. Кампањата вклучуваше 11 сметки со близу до 140 илјади следбеници. Од ТикТок напоменаа дека отстранувањето било дел од редовното „прочистување“ на вакви сметки и не нужно било поврзано со Романија и нивните избори. 

Во септември годинава ТикТок  ефективно ги забрани Спутник и Раша Тудеј на платформата поради „обиди за мешање“ или операции на тајно влијание, ама без разлика редовно се креираат и поставуваат нови сметки за овие два канали.

Од друга страна, една од причините зошто можната победата на Георгеску ги загрижи властите во ЕУ и НАТО е затоа што го доведе во прашање членството на Романија во НАТО. Поточно, тој рече дека „Романија нема обврска кон никого“ мислејќи на обврската за минимумот давачки за одбрана што секоја НАТО членка мора да ја потроши. 

Исто така, Георгеску имаше и пофални зборови за рускиот претседател Владимир Путин, иако одби да се опише себеси и својот став како проруски. А, Георгеску беше исфрлен од најголемата десничарска партија во Романија, Алијанса за Сојузот на Романците, поради тоа што јавно го величал поранешниот романски диктатор и нацистички колаборационист Јон Антонеску.

 

Долгата рака на Кремљ

Овој случај со надворешни актери кои делуваат на социјални мрежи (или на други начини) со цел на агитираат и влијаат на јавното мислење за време на претседателски или парламентарни избори, за жал, не е изолиран случај. И, баш затоа што 2024 г. е така наречена „супер-изборна“ година за повеќе од 60 држави ширум светот, Русија имаше доста можности, наводно, да ги вмеша своите прсти со добро познатите тактики.

Такви се примерите од Молдавија, од каде официјален Кишинев ја обвини Москва дека ги поткопуваат демократските процеси на државата, сакајќи да влијае на неодамнешни претседателски избори и референдумот за пристапување во Европската Унија. Речиси истата ситуација ја снајде и Грузија, кога претседателката Саломе Зурабишвили ја обвини Москва за мешање во изборите. И во двата случаја, Русија ги негираше наводите. 

Слична беше ситуацијата и во САД, како што пишуваат во Њујорк Тајмс, приврзаниците на Кремљ не само што пуштија бран на фабрикувани видеа насочени кон изборниот процес и претседателските кандидати на демократите, туку не се ни помачија да ја сокријат улогата во нивното создавање. 

А, летоска за време на изборите во ЕУ имаше огромен скандал, кога се обелодени дека Москва, преку прорускиот медиум „Глас на Европа“ потплатила т.н. „евроскептични“ членови на Европскиот парламент со цел да ја протнат пропагандата на Кремљ во западните медиуми и со што ќе направи дополнителна поделба во Европа, зајакнувајќи ја позицијата на проруските кандидати за ЕП. По ова, прво Чешка па потоа и ЕУ воведоа санкции против сопствениците на медиумот и бизнисмените Виктор Медведчук и Артем Марчевски заради ширење на руски дезинформации. 

Кај нас, иако немаше директно и очигледно мешање во претседателските и парламентарните избори, ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи ја обвини Русија велејќи дека користи насочени дезинформациски кампањи за да го „скрши социјалното ткиво на општеството“ во земјата и поширокиот Западен Балкан и да го запре процесот на пристапување кон ЕУ.

Очигледно Русија дизајнираше дезинформации за да ја спречи Северна Македонија да ги постигне своите стратешки цели, а тоа се членството во НАТО и ЕУ, изјави Османи за Јуроњуз.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција