„Тинекс“ не подарува пакет детски производи за 181 денар

На официјалната Фејсбук страница на „Тинекс“, нема никаква објава дека маркетот подарува пакет со детски производи. Такво нешто не најдовме ниту на официјалната веб-страница на „Тинекс“

На официјалната Фејсбук страница на „Тинекс“, нема никаква објава дека маркетот подарува пакет со детски производи. Такво нешто не најдовме ниту на официјалната веб-страница на „Тинекс“

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Tinex подарува детски подарочен пакет на сите што ќе учествуваат во кратка анкета! Одговорете на неколку едноставни прашања и добијте го вашиот пакет во рок од 3 дена

Објавата споделува фотографија од пакет со детски производи на кој стои логото на „Тинекс“.

Во коментарите под објавата – која е споделена од Фејсбук страница „Детски пакет“ и има само 30 следачи, како дополнителна насока се посочува дека, за да се добие пакетот треба да се пополни анкетата на страницата https://goo.su/tinex.

Кога ќе отидете на линкот, ќе видите дека името на веб-страницата нема никаква врска со „Тинекс“, што веднаш отвора сомнеж за нејзината релевантност.

Тука ќе добиете информација дека пакетот со детски производи чини 181 денар и се бара од вас да одговорите на неколку прашања.

По ова, имате можност да отворите 3 кутии од кои едната е секако добитна.

На крајот се бара од вас да оставите лични и банкарски податоци за да платите и да ви биде испратен подарокот.

Секако, станува збор за измама. Подарок нема да добиете, но ќе биде испразнета вашата банкарска сметка.

На официјалната Фејсбук страница на „Тинекс“, која има 179 илјади следачи, нема никаква објава дека маркетот подарува пакет со детски производи. Такво нешто не најдовме ниту на официјалната веб-страница на „Тинекс“.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција