Томе Христоски

 

Томе Христоски e градоначалник на Oпштина Крушево

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Томе Христоски е роден на  први април 1982 година во Крушево. Тој е оженет со Спасика Христоска и татко е на две деца, Илија и Сандра.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во ОУ „Никола Карев“ во Крушево, а потоа  средно полициско образование во ЦОКОБ, Елисие Поповски Марко во Скопје.  Христоски дипломирал во 2008 година, а 7 години подоцна магистрирал на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

 

КАРИЕРА

Во 2001 година се вработил како полицаец во Полициската станица во Крушево. Во меѓувреме Христоски станал инспектор во надворешната канцеларија за криминалистичка полиција Прилеп за увиди на место на настан во подрачјето на Општина Крушево.

На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина  Крушево.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Крушево: Градоначалник – Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција