Тони Делков
Тони Делков e градоначалник на Oпштина Неготино
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Тони Делков е роден на 29.03.1977 година во Неготино каде што го минува целиот животен и работен век. Оженет е со споругата Надица и родители се на два сина на возраст од 9 и 5 години.
Петнаесет години бил активен спортист во РК Повардарие и бил дел на младинската репрезентација во ракомет на Република Македонија
ОБРАЗОВАНИЕ
Завршил средно училиште во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино.
КАРИЕРА
На 20-годишна возраст ја започнува својата работна кариера во фабриката за кабли „Неготино“ каде напредува скалило по скалило, до генерален менаџер на фабриката за просторите на поранешните Југословенски Републики.
Од 2014 година Делков започнува сопствен бизнис преку основањето на фирмата „Елко компани“ која во моментот има пет вработени.
Тони Делков е член е на СДСМ од 1996 година. Во два мандата бил секретар на ОО СДСМ Неготино.
На локалните избори во 2013 година бил избран за советник во Советот на Општина Неготино.
Во првиот круг од локалните избори кои се одржаа во октомври 2017 година, тој избран за градоначалник на Општина Неготино.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Неготино: Градоначалник
Википедија: Тони Делков
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар