„Топлик“ – Истрага за продажбата на земјиштето за Сончев Град

„Сончев Град“

Сомневања за злоупотреби и штети на буџетот на РМ околу продажбата на земјиштето за изградба на станбена населба „Сончев Град“, на јужните падини на Водно, сторени од 2007 до 2011 г, ги наведе СЈО да покренат истрага

 

Сомневања за злоупотреби и штети на буџетот на РМ околу продажбата на земјиштето за изградба на станбена населба „Сончев Град“, на јужните падини на Водно, сторени од 2007 до 2013 г, ги наведе СЈО да покренат истрага

 

20.10.2016 – Станува збор за случај во кој првоосомничен е првиот човек на Министерството за транспорт и врски, а сомневањата за делото во кое му помогнале уште пет службени лица, било извршено помеѓу 2007 и 2013 година.

Стручна комисија го известила раководнотo лице дека не се исполнети условите за распишување тендер за продажба на земјиштето, по што министерот ја расформира, формира нова и тендерот бил распишан, а потоа е склучен и договор за продажба на земјиштето.

Во 2011, бидејќи државата не можела да ги исполни условите за реализација на договорот, компанијата го раскинува, државата и ги враќа сите 223 милиоони денари уплатени, плус 64 милиони денари или над милион евра, на име на затезна камата. Еве што кажа обвинителката Фатиме Фетаи при образложението:

Од доказите произлезе основано сомневање дека поради раскинување на договорот по вина на МТВ, истото се обврзало на износот од 223.954.780 денари главен долг, кој целосно го вратил на правното лице, да исплати и затезна камата.

По тој основ на 18.02.2013 година од сметката на  МТВ на сметката на друштвото „Сан Сити“ ДОО Скопје била исплатена затезна камата во вкупен износ 64.206.839 денари, односно 1.044.000,00 евра., за кој износ е директно оштетен буџетот на Р.М.

Со овие дејствија, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ.

Деталите од образложението можете да ги прочитате тука

Како презентираа медиумите за оваа вест од СЈО, видете тука

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција