Три наслови не докажуваат дека „30 години нè лажат за влез во ЕУ“
Насловите од медиумски написи во 2004 година, споделени во објавата, на ниеден начин не докажуваат дека некој „нè лаже за влезот во ЕУ“, а во самата објава не е наведено конкретно ниту кој е тој што „нè лаже“. Македонската понова историја сведочи, дека по прогласувањето на независноста, во јануари 1991 година, Македонија го истакна членството во Европската Унија како нејзин стратешки интерес. Така земјава мина низа етапи во односите и приближувањето во ЕУ кои се јасно нотирани како факти. Начините на коишто ЕУ ѝ помага на Северна Македонија до ден денешен се бројни и се однесуваат на сите сектори на општественото живеење
Насловите од медиумски написи во 2004 година, споделени во објавата, на ниеден начин не докажуваат дека некој „нè лаже за влезот во ЕУ“, а во самата објава не е наведено конкретно ниту кој е тој што „нè лаже“. Македонската понова историја сведочи, дека по прогласувањето на независноста, во јануари 1991 година, Македонија го истакна членството во Европската Унија како нејзин стратешки интерес. Така земјава мина низа етапи во односите и приближувањето во ЕУ кои се јасно нотирани како факти. Начините на коишто ЕУ ѝ помага на Северна Македонија до ден денешен се бројни и се однесуваат на сите сектори на општественото живеење
Рецензираме објава на социјалната мрежа Threads во која пишува:
Еве доказ дека 30 години не лажат со истите лаги.
Објавата води кон линк на кој се споделуваат три наслови:
„Да не се испушти шансата за ЕУ“ од „Дневник“ од 04.11.2004
„Македонија не смее да го испушти возот за влез во ЕУ“ од „Утрински“ од 04.11.2004
„В недела ќе гласате за или против Европа“ од 04.11.2004
Насловите од медиумски написи во 2004 година на ниеден начин не докажуваат дека некој „нè лаже за влезот во ЕУ“, а во самата објава не е наведено конкретно ниту кој е тој што „нè лаже“. Македонската понова историја сведочи дека по прогласувањето на независноста, во јануари 1991 година, Македонија го истакна членството во Европската Унија како нејзин стратешки интерес. Така, земјава мина низа етапи во односите и приближувањето во ЕУ кои се јасно нотирани како факти. Начините на коишто ЕУ ѝ помага на Северна Македонија до ден денешен се бројни и се однесуваат на сите сектори на општественото живеење.
На пример, помага земјоделството да стане поотпорно, а фармите попродуктивни. Поддршката на ЕУ за македонското земјоделство е многу значајна за унапредување и модернизирање на истото.
Други примери може да видите на следниот линк.
Исто така, ЕУ помага во некои прашања коишто имаат врска со добрососедските односи.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при неодамнешната официјална посета што ја имаше во земјава, испрати порака дека С. Македонија и ЕУ имаат иста визија и желба, а таа е што побрзо земјава да стане дел од европското семејство. Таа истакна дека С. Македонија постигнала многу и покажала одлучност во секој чекор за европската интеграција.
Сега работата мора да продолжи. Сто проценти сте усогласени со нашата наворешна политика и голема благодарност за поддршката којашто ја давате за Украина. Имаме јасна цел – тоа е да се отвори кластерот „Фундаментални вредности“ што поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните измени, за што очекуваме политичките сили да се здружат во земјата и ќе ги преземат потребните одлучни чекори за напредок и уверена сум дека можеме да ги надминеме пречките коишто сè уште постојат, рече Фон дер Лајен.
На 15 јануари 1992 година, Европската унија формираше Арбитражна комисија, предводена од претседателот на Уставниот суд на Франција, Робер Бадинтер. Комисијата заклучи дека Република Македонија ги задоволува сите услови за меѓународно признавање и дека името не претставува територијална закана.
Меѓутоа, заради спротивставувањето на Грција Република Македонија да се признае под уставното име, задоцни процесот на меѓународно признавање и воспоставување на дипломатски односи со ЕУ. Целосните дипломатски односи меѓу РМ и ЕУ се воспоставени во декември 1995 година, кога е отворена и мисијата на РМ во ЕУ.
Секоја држава која сака да стане полноправна членка на Европската Унија, својата намера ја изразува со поднесување на барање за членство кое го предава на Советот на Европската Унија. Советот ја задолжува Европската комисија да ја процени способноста за исполнување на критериумите и условите за пристапување на земјата кон ЕУ. Овие критериуми се познати како Копенхашки критериуми, а можат да се поделат на политички, економски и административни. Во однос на политичките критериуми станува збор за стабилност на институциите кои ќе гарантираат демократија, владеење на правото, заштита на човековите права и почитување и заштита на правата на малцинствата. Копенхашките критериуми вклучуваат и функционирање на пазарна економија која мора да биде во можност да се справи со притисокот на пазарот и правилата на европската економија, односно да биде во можност да се справи со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили внатре во Унијата. Исто така, секоја земја кандидат мора да биде спремна да ги преземе сите обврски и одговорности во насока на прифаќање и исполнување на целите на политичката и економската и монетарната унија.
Административните критериуми, пак, познати како Мадридски критериуми, се утврдени на седница на Европскиот совет во 1995 година. Тие налагаат секоја земја кандидат да биде способна да создаде услови за прилагодување на националната административна структура кон механизмите кои функционираат во јавната администрација на ЕУ. Нужен предуслов во процесот на пристапување е донесувањето на претпристапна стратегија чија цел е да ја подготви земјата за идното членство. Претпристапната стратегија вклучува многубројни документи и механизми, како што се договори за здружување, договор за стабилизација и пристапување, економски договори и конвенции, европски партнерства, претпристапна помош, кофинансирање од меѓународни финансиски установи, учествување во програмите на ЕУ, во работата на агенциите на ЕУ, донесување на национална програма за усвојување на европското законодавство и извештаи за напредокот кон политичкиот дијалог.
Прв чекор во процесот на преговори е таканаречениот скрининг, односно аналитички преглед и усoгласување на законодавството на земјата кандидат со законодавството на ЕУ. Скринингот се спроведува по тематски поглавја, а врз основа на позитивниот извештај за завршувањето на скринингот за секое поглавје понатаму се отвора процесот на преговори. Нему му претходи утврдувањето на преговарачките позиции на земјата кандидат.
Кога преговорите за сите поглавја ќе бидат завршени, Советот на Европската унија и земјата кандидат, врз основа на заклучоците од преговорите, заедно составуваат предлог на договор за пристапување кон Европската Унија. Предлогот на договорот мора да добие позитивно мислење од страна на Европската комисија и едногласна потврда од Европскиот парламент пред да се даде на ратификација на државите членки на Европската Унија. По завршувањето на процесот на ратификација на договорот за пристапување во сите земји членки, земјата кандидат станува полноправна членка на Европската Унија.
Сите активности кои се одвиваат на полето меѓу ЕУ и Северна Македонија, покажуваат дека процесот е почнат и тоа со одлука на земјава уште по осамостојувањето. Но, на патот кон ЕУ се појавија пречки, кои го одложуваат пристапувањето.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот (missing context).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар