Трут Соушал не е блокирана во Украина, туку не е воопшто достапна во Украина

Фото: колаж од Sergei Tokmakov од Pixabay и Max Kukurudziak од Unsplash

Трут Соушал не е блокирана во Украина, затоа што никогаш не ни била достапна во Украина. Овој факт го потврдија портпаролот на украинското МНР, Хеорхи Тихии, како и портпаролот на компанијата Trump Media & Technology Group која е сопственик на мрежата

Трут Соушал не е блокирана во Украина, затоа што никогаш не ни била достапна во Украина. Овој факт го потврдија портпаролот на украинското МНР, Хеорхи Тихии, како и портпаролот на компанијата Trump Media & Technology Group која е сопственик на мрежата

 

Украина ја одбележа три годишнината од почетокот на војната којашто Русија ја започна на 24 февруари 2022 година – најголемата војна во Европа по Втората светска војна. Но, војната против руските дезинформациите Украина, а и голем дел од светот, ја водат со години наназад. Сега, пак, со доаѓањето на новоизбраниот американски претседател Доналнд Трамп и неговите контроверзни и невистинити коментари повторно почнаа да се шират разни дезинформации со цел на се направи уште поголема поделба меѓу САД и Украина. Поточно меѓу Трамп и Украина. 

На социјалните медиуми во регионот и пошироко почна да се шири дезинформацијата дека Украина ја блокирала социјалната мрежа на Трамп, Трут Соушал (Truth Social) — види тука, тука, тука, тука, тука и тука. Претставници на мрежата, како и портпаролот на Украинското МНР Хеорхи Тихии ги демантираа ваквите тврдења. Веста ја проверија Хрватска, САД, Турција, Украина.

Уште одамна Трамп тврдеше дека социјалните медиуми се пристрасни против него и против конзервативците. Судирот меѓу него и социјалните медиуми беше најистакнат по претседателските избори во 2020 г., односно за време на неуспешниот пуч на 6 јануари 2021 г. Тогаш од Мета му го блокираа профилотна неодредено време“ поради „поттикнување насилно востание против демократски избраната влада“, a беше блокиран и на тогашен Твитер. По две години откако му беа блокирани сметките, тој ја лансираше социјалната мрежа Трут Соушал. Иако покрај тоа што Илон Маск (на Твитер) и на Мета му ги одблокираа сметките, Трамп сè уште преферира на дневно ниво да ги споделува сопствените мислења на своите 9 милиони следбеници.

*   *   *

Раша Тудеј е меѓу првите што ја споделуваат оваа „веста“ дека Трут Соушал е блокирана во Украина:

На почетокот кога Трамп ја лансираше мрежата на 21 февруари 2021 г. Трут Сошал беше достапна на Ап стор (платформата за дигитална дистрибуција на апликации на Епл – „Apple“) само во САД и Канада, со планови да стане достапна во Обединетото Кралство, Индија и Австралија. Првично од Гугл одбиваа да ја пуштат во оптек апликацијата на Плеј Стор заради „проблеми со модерирање на содржината“, но нешто подоцна апликацијата сепак стана достапна за андроид корисниците.

Според моменталната состојба, може да се види дека барем на Ап стор, апликацијата е достапна речиси во целиот свет. Но, точно е тоа дека на ниво на Европа апликацијата Трут Соушал не е достапна во Украина, но ниту во Русија и Белорусија. 

Фото: скриншот од алатката Гаја-Чарџ, алатка за проверка на достапност на апликации на Ап стор

Се наметнува прашањето, дали воопшто некогаш апликацијата била достапна во Украина или била достапна, па потоа била забранета?

Хеорхи Тихии, портпаролот на Украинското Министерство за надворешни работи, ги демантираше тврдењата на Х (поранешен Твитер) дека апликацијата била блокирана, велејќи:

Видовме извештаи кои сугерираат дека пристапот до социјалната мрежа Вистина е блокиран во Украина. Овие извештаи се лажни Украина не го блокирала и не можела да го блокира пристапот затоа што, за жал, социјалната мрежа Truth Social никогаш не се ставила на располагање на корисниците во Украина…пишува Тихии на Х .

За агенцијата Франс Прес, портпаролит на Trump Media & Technology Group (ТМТG), компанијата која е сопственик на мрежата, потврдија дека апликацијата не е достапна воопшто во Украина:

Тврдењата дека Трут Соушал е блокиран во Украина се лажни — Трут Соушал никогаш не била достапна во Украина, изјави портпаролот на TMTG за Франс Прес.

Причината зошто сето ова мириса на нова дезинформација од кујната на Кремљ е затоа што меѓу првите луѓе коишто се потепаа да ја споделат и прошират оваа невистина беше и Бени Џонсон. Џонсон е онлајн политички коментатор кој беше еден од неколкуте конзервативни и десничарски „интернет личности“ за кои се откри дека (наводно несвесно) работеле за руска операција на влијание. Според Асошиејтед Прес, договорот на еден од овие коментатори вклучуваше месечна претплата од скромни 400 илјади долари и бонус за потпишување од дополнително 100 илјади долари.

Една од можните причини зошто се експлоатира оваа ситуација е за да се направи дополнителен раздор и тензија меѓу САД и Украина, поточно меѓу Трамп и Зеленски на веќе тензичната релација. Зошто? Затоа што мрежата е во сопствеништво на Trump Media & Technology Group, во која Трамп има 57,3 отсто од акциите во компанијата и има директен финансиски ефекти кога TMTG остварува профит или има загуби.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција