Цената на горивата ја „штимаа“ владата на ВМРО-ДПМНЕ и „Хеленик Петролеум“ уште пред 20 години!
Цените на горивата се одредени според методологија која е влезена во тајниот анекс на договорот за купопрордажба на ОКТА помеѓу тогашната грчка државна компанија „Хеленик Петролеум“, т.е. нејзиниот субсидијар ЕЛ ПЕТ Балканики и Владата на тогашниот премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Покрај тоа, на цената доминантно влијаат и цените на берзите во Лондон, па така, за литар Супер 98 во август 2012 г., кога премиер е Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, цената достигна 90 денари!
Цените на горивата се одредени според методологија која е влезена во тајниот анекс на договорот за купопрордажба на ОКТА помеѓу тогашната грчка државна компанија „Хеленик Петролеум“, т.е. нејзиниот субсидијар ЕЛ ПЕТ Балканики и Владата на тогашниот премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Покрај тоа, на цената доминантно влијаат и цените на берзите во Лондон, па така, за литар Супер 98 во август 2012 г., кога премиер е Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, цената достигна 90 денари!
Пишува: Теофил Блажевски
Пратеникот Владимир Ѓорчев на прес-конференција околу цената на горивата изнесе став кој претставува извртување на вистината, т.е. спин.:
Спин: Почитувани присутни , со најновото зголемување на цените на бензините и дизелот директно е засегната економијата, но и сите граѓани на Република Македонија, засегнато е стопанството, загсенати се фирмите, засегнати се луѓето и семејните буџети. Откакако е СДСМ дојден на власт цената на дизелот е зголемена за фрапантни 40%. Значи, не зборуваме за зголемување од 2, 3, 5 или 10% туку зборуваме за зголемување на цената на дизелот од 40%.
Ако на тоа ги додадеме и дополнителните 3 и пол денари дополнителна акциза која што ја воведоа Зоран Заев и Драган Тевдовски доаѓаме до заклучокот дека и тоа како се засегнати сите граѓани на Република Македонија….
Ако видиме дека кога дојде оваа власт, кога дојде и кога ја направи Зоран Заев владата, цената на дизелот беше 46 денари за литар, а сега е 64 денари за литар. Гледаме за што зборуваме.
[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Владимир Ѓорчев – прес – датум: 02.05.2019]
Контраспин: Сосема е разбирливо на неколку дена пред вториот круг од претседателските избори да се лиферуваат ветувања кои се популистички и дека ако, како опозиција утре направат Влада, таа веднаш ќе ги укине акцизите за дизелот од 3 денари. Но, притоа ВМРО-ДПМНЕ треба да внимава да не шири невистини и извртени вистини дека Владата на Заев ја зголемила цената на дизелот за 40 отсто за две години!?
Ваков спин изнесе високиот функционер и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на наменска прес конференција на која беше упатено барањето до актуелната влада да ја намали цената на дополнителната акциза од 3 денари на дизелот, воведена од 01.01.2018 година.
МЕТОДОЛОГИЈА ВО ТАЕН АНЕКС УШТЕ ОД 1999 Г.
Имено, цената на горивата, вклучително и дизелот се формираат според Методологија за формирање на цените на горивата од 1999 година, усвоена од Собранието на РМ, во пакет со купопродажен договор, кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски ја продаде рафинеријата ОКТА на субсидијарот на „Хеленик Петролеум“, поточно на Ел.П.ЕТ. Балканики, за цели 25 милиони тогашни германски марки!
Оттогаш, до крајот на март 2019 година, цената на горивата се одредува според тајниот Анекс Д на овој договор за купопродажба на ОКТА, кој не е јасно дали им беше даден на увид на пратениците во тогашното македонско Собрание, во кое мнозинство имаше коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Демократска Алтернатива и тогашната Демократска партија на Албанците (ДПА) предводена од сега покојниот Арбен Џафери и Мендух Тачи, актуелен лидер на ДПА.
Во таа цена, подредена на интересите на сопственикот на ОКТА, рафинериската цена се одредува според центата на нафтата БРЕНТ на светските пазари, плус уште еден куп други ситници, меѓу кои и курсот на доларот во однос на денарот.
Главната „финта“, така да се изразиме, е всушност што за одредница на рафинериската цена е земена најскапата и најквалитетната сурова нафта што се вади од Северно Море, помеѓу Велика Британија и Норвешка и која се одликува со мала концентрација на сулфур, иако таква сурова нафта никогаш не била дел од производствениот процес, ниту во ОКТА, која додека работеше, произведуваше помало количество од горивата што се продаваа во државата и се извезуваа во регионот, главно на Косово, ниту во рафинеријата на „Хеленик“ во Солун, од која главно се носеа деривати во земјава.
Всушност, и денес да се отворат светските берзи ќе се види дека оваа нафта е најскапа, а особено ако се спореди со нафтата извадена од земјите членки на ОПЕК, чие производство, исто така, влијае на светските цени на горивата. Значи, иако БРЕНТ-от денеска се користи како како поглавна реперна цена за да се одредуваат и другите цени на другите производители, во тоа време кога е потпишан договорот за продажба на ОКТА така не било (и тогаш и денес постојат други реперни цени како што се цената од ОПЕК, на пример, или Средната цена на нафтата од Тексас), а со Aнексот Д, кој не можеше да се види во јавноста, таквата методологија се спроведуваше цели 20 години, т.е. се до крајот на март 2019 г.
И сега да повториме – тој купопродажен договор, со кој, меѓу другото, државата беше обврзана да троши и 500 илјади тони мазут годишно, ненормални колични што никогаш не се трошеа во земјава, го преговараше, го туркаше и го потпишаа одговорни лица од Владата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, во чија Влада како министер за трговија првата година беше Никола Груевски, подоцна вториот премиер на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму Груевски пак, и неговата Влада, поради грешки направени во 1999 г. (се споменува во јавноста едно писмо упатено до новите сопственици на ОКТА, со кое Груевски им кажува да не купуваат веќе сурова нафта или деривати од МАМИД ОИЛ – ЏЕТ ОИЛ), беа предмет на долгогодишен меѓународен судски процес на сопствениците на ОКТА против тогашната РМ, кој откако Македонија го загуби, на 31 декември 2007 година, со процес на порамнување претходно, и исплати од Буџетот 40 милиони долари како надомест на штета на споменатата компанија.
ДЕРИВАТИТЕ БЕА НАЈСКАПИ ВО ВРЕМЕТО НА ГРУЕВСКИ!
Како што може да се види, една од основните причини за ваквите пресметки на цените на нафтените деривати на пазарот во земјата лежат во методологијата за формирање на цените направена уште пред земјата да имала воопшто регулаторна комисија за енергетика.
Второ, факт е дека светските кризи влијаат на цената на суровата нафта и дека таа секаде се зголемува ако на светските берзи се бележи нагорен тренд.
Па така, и покрај тоа што една година порано Владата на Груевски се откажала од дел од акцизата, цената на горивата во август 2012 година доостигнаа рекордни 90 денари за Супер 98, а цената на Еуродизелот 74,5 денари!
A, кога станува збор, пак, за движењето на светските цени на нафтата во изминатите 2 години, поточно од почетокот на јуни 2017, кога беше формирана актуелната Влада, барел нафта според БРЕНТ индексот на 5 јуни 2017 изнесуваше 49,45 долари, додека денеска (2 мај 2019 година) изнесува 71,09 долари, што претставува раст од 43,7 отсто, односно слично на оној процент кој го спомнува Ѓорчев како раст на цените на дизелот во земјава.
Поради сето ова, легитимно е да се бара од опозицијата владата на Заев да се откаже од 3 денари акцизи воведени меѓу другото и поради препораки од ЕУ, но не е легитимно да се спинува и да се кажува извртена вистина дека Владата на Заев ја зголемила цената на дизелот за 40 отсто за две години откако е на власт. Оттука, тој дел од тврдењето на Ѓорчев и на ВМРО-ДПМНЕ го оценуваме како извртување на вистинита, т.е. спин.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар