Цветомир Угриноски
Цветомир Угриноски e градоначалник на Општина Вевчани.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Цветомир Угриноски е роден во 1952 година, во Вевчани. Оженет е и татко на две деца.
КАРИЕРА
Од 1971 до 1990 бил ко-сопственик на приватна градежна компанија во Словенија, потоа од 1991 до 2000 година бил ко-сопственик на градежна компанија во земјава, со седиште во Вевчани. Исто така, се занимавал со угостителска дејност и во периодот од 1984 до 2000 година и бил ко-сопственик на приватен ресторан во Вевчани.
Од 2000 година има сопствена градежна компанија и е сопственик и управител на приватен сместувачки капацитет во Вевчани.
Во Република Словенија во осумдесеттите и деведесеттите години учествувал на поголем број семинари и курсеви од областа на градежништвото кои биле поврзани со имплементирање на нови стандарди во оваа област, од високоградба, нискоградба и уредување на јавни површини (паркови, плоштади, како и дворни места).
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Завршил Политичка академија за јакнење на локално ниво.
Во 2013 година, на локалните избори, жителите на општина Вевчани му ја довериле градоначалничката функција.
ИЗВОРИ
ЗЕЛС – БИОГРАФИИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ВО МАНДАТОТ 2013 – 2017 ГОДИНА (стр. 7)
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар