ТВ-дневник: Професионалното новинарство сѐ уште тлее во Македонија

Изјави од учесниците на студентскиот протест. И тоа дури и емитувани на ТВ Телма за разлика од другите телевизии. Фото: СПФМ, (скриншот со вметнато лого)
Изјави од учесниците на студентскиот протест. И тоа дури и емитувани на ТВ „Телма“ за разлика од другите телевизии. Фото: СПФМ, (скриншот со вметнато лого)

 

[ ТВ-дневник: „Телма“, 17.11.2014 година]

Овие вести ја задоволија својата функција. Ги имаа сите битни настани без навивачки моменти, сите прилози беа вистинити, точни, содржајни, со извори и со сите правила според принципите на професионалното новинарство. И тоа што можеби не прво, но многу важно е дека овој ТВ-дневник се разликуваше од сите останати кои личат како јајце на јајце.

 

Пишува: Владо Ѓорчев

 

Навикнати на дневници во кои не се почитуваат новинарските стандарди, а многу често и се омаловажуваат луѓе, колеги, интелектуалци, професори… да се изгледа информативна емисија поинаква од другите е навистина освежување. Особено на ден кога сите медиуми, кои ја застапуваат и се согласуваат со политиката на власта, нема да одвојат повеќе од 30-40 секунди или како техничка вест ќе го пласираат настанот на денот – протестот на студентите.

Масовниот марш на студентите од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, каков не се случил во последниве 10 години, не најде достојно место во поголем дел од медиумите, особено на телевизиите. A, тоа требаше да биде главна вест затоа што првата улога на медиумот е да информира.

protest_0-gore

Масовен протест на студентите

protest_0-dolu

Сепак, дека нешто од професионалното новинарство сѐ уште тлее во Македонија покажа дневникот на телевизија „Телма“ од 17 ноември 2014 година.

Телевизијата првата најава и вест ја одвои за студентските протести. Притоа, прилогот беше направен според сите новинарски правила, без да се насети нималку непотребна политичка нишка во него.

 

ТОЧНО И ВИСТИНИТО

Прилогот почна коректно, точно и вистинито:

„Револтот од намерата на властите да воведат екстерно оценување на факултетите ги обедини студентите. Се обраа неколку илјадии и 2,5 часа маршираа низ скопските улици скадирајќи пораки против ваквиот коцепт на провека на знаењето. Тргнаа од платото на државниот универзитет и масовно прошетаа пред Владата и пред Студентскиот парламент, каде неколку минути залудно го повикуваа раководството да им се придружи.“

…и заврши така:

„Два и пол часовниот марш помина мирно, без никакви инциденти. Организаторите уште на почетокот се оградија од политичките партии и организаци.“

Во прилогот не се чувствува никаква изнасиленост, тој е содржаен, има извори, има изјави и нема ниту еден непотребен коментар.

Веднаш по минутите за протестите на студентите, беше објавен и прилог со реакции од протестите, а гостин беше режисерот Слободан Унковски, кој направи паралела со студентските протести од 1968 година, во тогашна Југославија, кога тој бил студент.

Исто така, настан на денот кој коректно и професионално беше пренесен во вестите, беше и оној за казните за лекарите специјалисти од Одделението за нуклеарна медицина во битолската Клиничка болница поради потрошените рагенси.

Иако оваа вест беше пренесена на речиси сите македонски медиуми, таа не беше сеопфатна. Во прилогот на телевизија „Телма“ беа опфатени сите аспекти на обработка на веста. По информацијата од Министерството за внатрешни работи, земени се изјави од пациентите, од лекарите, како и од директорот на болницата.

 

СПОРЕД НОВИНАРСКИ СТАНДАРДИ

Во продолжението на дневникот беа опфатени настани, кои според новинарските стандарди заслужуваат да се најдат во една информативна емисија. За разлика од останатите телевизии, прилогот за извештајот на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања за оставките на пратениците од опозицијата се разликуваше во повеќе сегменти. Ако на другите преовладуваа навредувачките мотиви во прилозите, во овој ТВ-дневник работата беше јасна како ден. Прилогот беше без никаква политичка пристрасност, професионално одработен и речиси библиографски беа пренесени настаните што треба да се случат. Притоа, немаше ниту напаѓачка, ниту пофална нота.

Прилогот, пак, за кривична пријава за силувачите во затворот за малолетници во Велес, беше ексклузивен прилог на овој медиум. Другите медиуми не најдоа место за оваа вест, иако според важноста и социјално-општествените импликации заслужува да се најде во информативно издание. И во овој прилог се застапени сите аспекти на новинарството, без да се претерува или да се прави сензационална вест од дневен настан.

zat-09876-098-gore

Кривични за силување за четворица од малолетничкиот затвор

zat-09876-098-dolu

Исто така, овој ТВ-дневник беше единствен кој ја пренесе и дебатата што ја организираше институтот „Прогрес“ заедно со Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде беа изнесени и дел од излагањата на пристуните гости.

pari_1_0-0987-098765-gore

Загрижувачко ниво на јавниот долг

pari_1_0-0987-098765-dolu

Иако новинарските редакции се автономни во изборот на вестите кои ќе ги опфатат, на кој начин и со какви принципи ќе настапат пред јавноста, задржувајќи ја својата автномна уредувачка политика, сепак, во новинарството има стандарди за тоа како треба да изгледа една вест или, во овој случај, прилог на телевизија. Во овој ТВ-дневник сите прилози, како и начинот, постапката и приторитетот на објавување, се во рамките на професоналните новинарски стандарди.

ibrahim_mehmeti2jpg-09876-098-gore-002-final

Безидејност на пасивизираната политичка сцена

ibrahim_mehmeti2jpg-09876-098-dolu-001-final

Освежување е и тоа што немаше пренесување прилози од порталите што последниве неколку години во македонското ТВ-новинарство стана практика. Притоа, во таквите прилози не се внимава на никаква телевизиска подготовка која треба да следува, туку текстот само се препрочитува. Тоа го немаше во овој дневник како позитивен чекор во телевзиското информирање.

Овие вести ја задоволија својата функција. Ги имаа сите битни настани без навивачки моменти, сите прилози беа вистинити, точни, содржајни, со извори и со сите правила според принципите на професионалното новинарство. И тоа што можеби не прво, но многу важно е дека овој ТВ-дневник се разликуваше од сите останати кои личат како јајце на јајце.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција