Твоето политичко ветување звучи познато: Бесплатен превоз на пензионерите во ЈСП во недела
„Вистиномер“ пишуваше за ова ветување кон крајот на октомври годинава. Ова ветување е исполнето.
Во деветата радиоемисија „Твоето политичко ветување звучи познато“, која радиото „Индекс“ ја реализира во соработка со „Вистиномер“, ветувањето што слушателот требаше да го погоди, како и да каже дали е исполнето или не, беше ветувањето за бесплатен превоз на пензионерите од Скопје во автобусите на ЈСП и во недела, како дополнителен ден во однос на претходните повластици, односно бесплатен превоз во вторник, петок и сабота.
„Вистиномер“ пишуваше за ова ветување кон крајот на октомври годинава. Ова ветување е исполнето.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected] и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.
Шестата епизода може да ја проследите тука.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар