Твоето политичко ветување звучи познато: Дури 16 години се чека на училиште во Селце
Во Политичката програма на ДУИ (страна 286), како рок за довршување на изградбата на училиштето беше наведена 2014 година, но бидејќи немаше некоја конкретна завршница, се одреди нов рок – 2018 година.
Продолжува соработката која создаде интересна радиосодржина. Во десетата радиоемисија „Твоето политичко ветување звучи познато“, која „Радио Индекс“ ја реализира во соработка со „Вистиномер“, ветувањето што слушателот требаше да го погоди, како и да каже дали е исполнето или не, беше ветувањето за изградба на училиште во тетовско Селце, кое и по 16 години не е изградено, за што Вистиномер пишуваше.
Во Политичката програма на ДУИ (страна 286), како рок за довршување на изградбата на училиштето беше наведена 2014 година, но бидејќи немаше некоја конкретна завршница, се одреди нов рок – 2018 година.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса tvoetovetuvanjezvucipoznato@radioindex.mk и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.
Десетата епизода може да ја проследите тука.
.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар