Твоето политичко ветување звучи познато: Нови прозорци за ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected] и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.
Продолжува соработката која создаде интересна радиосодржина. Во седмата радиоемисија „Твоето политичко ветување звучи познато“, која „Радио Индекс“ ја реализира во соработка со „Вистиномер“, ветувањето што слушателката требаше да го погоди, како и да каже дали е исполнето или не, беше ветувањето за замена на прозорците на О.У. „Гоце Делчев“ во Гостивар, со краен рок за реализација 2018 година.
Ветувањето беше дадено пред парламентарните избори во 2014 година, во политичката Платформа на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Ова ветување е оценето како исполнето.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите на радиото „Индекс“ може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected] и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар