Твоето предизборно ветување звучи познато: Индиските фабрики за ретровизори „во рикверц“
Продолжува соработката на едно радио и „Вистиномер“. Во четвртата радиоемисија „Твоето предизборно ветување звучи познато“, која радиото „Индекс“ ја реализира во соработка со „Вистиномер“, ветувањето што слушателот требаше да го погоди, како и да каже дали е исполнето или не, беше ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на две фабрики на индиската компанија „Мадерсон груп“, во која би се произведувале ретровизори кои би се продавале на европските производители на автомобили. Фабриките требаше да се градат во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, камен-темелник е поставен на 31 август 2011 година, но од ветувањето за инвестирање 12 милиони евра и 140 вработувања нема ништо.
Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите на радиото „Индекс“ може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.
Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected] и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар