Тврдењето дека Мамдани ќе ги затвори пролајф центрите е непотврдено
Не постои официјален запис, говор или документ каде што Мамдани јасно изјавува дека ќе ги затвори овие центри. Тврдењето дека Зохран Мамдани „ветил да ги затвори пролајф центрите за бременост“ е непотврдено. Факт е дека тој има силна „прочојс“ позиција и планира да го поддржи пристапот до абортус, но засега нема докази дека дал конкретно ветување за затворање на пролајф организациите
Не постои официјален запис, говор или документ каде што Мамдани јасно изјавува дека ќе ги затвори овие центри. Тврдењето дека Зохран Мамдани „ветил да ги затвори пролајф центрите за бременост“ е непотврдено. Факт е дека тој има силна „прочојс“ позиција и планира да го поддржи пристапот до абортус, но засега нема докази дека дал конкретно ветување за затворање на пролајф организациите
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Новиот градоначалник на Њујорк ке ги затворит ПРО- БЕМЕНОСТ центрите кои се грижат за бремените жени, девојки и за нивното безбедно породување. Толку за “феноменот” Зохран , како што го нарекоја некој Ѓо политичари АНАЛитичари од северниот резерват кои врска немаат како функционират системот на контрола и замајување на рајата а претендираат да бидат власт.
Тврдењето дека новиот градоначалник на Њујорк Зохран Мамдани ветил оти ќе ги затвори сите пролајф центри за бременост, не е поткрепено со директен доказ. Вистиномер не успеа да најде ваква изјава на Мамдани во ниту еден релевантен светски медиум.
Мамдани отворено се залага за заштита и проширување на правото на абортус. Тој поддржува целосен пристап до репродуктивна здравствена заштита и смета дека абортусот треба да биде загарантиран како основно право
Во текот на кампањата, тој ја поддржа уставната промена Proposition 1, со која се зацврстуваат правата поврзани со абортус, контрацепција и IVF.
Исто така, Мамдани најави дека ќе го зголеми финансирањето за организации што обезбедуваат пристап до абортус, како „New York Abortion Access Fund“ и „Abortion Access Hub“.
Неколку портали кои идеолошки се против абортус и се залагаат за „заштита на животот од зачнување“, меѓу кои и LifeNews.com, објавија дека Мамдани „ветил дека ќе ги затвори“ пролајф центрите, повикувајќи се на неговата „изјава“ (исто така непотврдена) дека сака да ги „заштити њујорчаните од лажни или измамнички информации“ што, според него, ги шират тие центри. Ваквите медиуми често известуваат од активистичка перспектива, односно неутралноста не им е приоритет, туку промовирање на нивните вредности и ставови, и затоа нивните информации треба да се земаат со резерва односно да се проверува нивната релевантност.
Сепак, не постои официјален запис, говор или документ каде што Мамдани јасно изјавува дека ќе ги затвори овие центри.
Тврдењето дека Зохран Мамдани „ветил да ги затвори пролајф центрите за бременост“ е непотврдено. Факт е дека тој има силна „прочојс“ позиција и планира да го поддржи пристапот до абортус, но засега нема докази дека дал конкретно ветување за затворање на пролајф организациите.
Од сето ова можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар