Уапсениот бугарски државјанин во Скопје нема никаква врска со Ангел Џамбаски

Од информациите добиени од МВР, може да се види дека приведениот бугарски државјанин нема никаква врска со бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Прво, иницијалите на приведениот се В.Н. и второ станува збор за 66-годишен маж, а Џамбаски е роден 1979 година, што значи дека има 47 години

Од информациите добиени од МВР, може да се види дека приведениот бугарски државјанин нема никаква врска со бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Прво, иницијалите на приведениот се В.Н. и второ станува збор за 66-годишен маж, а Џамбаски е роден 1979 година, што значи дека има 47 години

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Уапсен бугарски државјанин во Скопје: Следел жена и се самозадоволувал пред неа.

Објавата споделува и фотографија бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски облечен со пелена, и со тоа се обидува да алудира дека тој бил уапсениот бугарски државјанин.

Веста за уапсениот бугарски државјанин е точна, но таа нема никаква врска со Џамбаски, како што тоа сака да го прикаже објавата.

Имено, како што информираше МВР на 21 јуни 2026 година, полициски службеници во Скопје лишиле од слобода 66-годишен државјанин на Бугарија, откако бил пријавен за вознемирување на жена на подрачјето на општина Аеродром.

Како што соопштија од полицијата, на 21 јуни 2026 година во 07:50 часот во Скопје бил приведен В.Н.(66) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава од 29-годишна жена. Според пријавата, околу 06:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, мажот ја следел жената и се самозадоволувал пред неа.

Од информациите добиени од МВР, може да се види дека приведениот бугарски државјанин нема никаква врска со бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Прво, иницијалите на приведениот се В.Н. и второ станува збор за 66-годишен маж, а Џамбаски е роден 1979 година, што значи дека има 47 години.

Од сето ова можеме да заклучиме дека на објавата што ја анализираме ѝ недостига контекст.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција