Убиство во Англија во 2013 година, претставено како да се случило сега во Охрид
Настанот не е од датумот на кој се споделува објавата, ниту пак се однесува на С. Македонија и покрај тоа што е цитирана во таговите.
Со објавата е споделена и фотографија на која се гледа полициска лента и човек облечен во бело одело како го фотографија наводно местото на убиството. Вистиномер ја пронајде фотографијата објавена во локален англиски портал coventrytelegraph.net. Веста е од 25 април 2013 година и информира за пронајдено тело во шума на периферија на Ковентри
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Тело пронајдено во шума пред Охрид силувана па стравично убиена – Погледни во коментар..
Со објавата е споделена и фотографија на која се гледа полициска лента и човек облечен во бело одело како го фотографира наводно местото на убиството. Вистиномер ја пронајде фотографијата објавена во локален англиски портал coventrytelegraph.net. Веста е од 25 април 2013 година и информира за пронајдено тело во шума на периферија на Ковентри.
Како што пренесува порталот, телото било таму подолго време, а го пронашол човек кој го шетал своето куче во шумата.
Областа била оградена од полицијата, а експертите за судска медицина ја пребарувале земјата.
Во центарот на кордонот бил подигнат син шатор (којшто се гледа на фотографијата), а во близина биле полициски службеници за поддршка на заедницата. Експертите од судска медицина, исто така, внимателно го фотографирале местото на настанот.
Од ова станува јасно дека настанот не е од датумот на кој се споделува објавата, ниту пак се однесува на С. Македонија и покрај тоа што е цитирана во таговите. Линкот кој е поставен во коментар води кон надворешна страница Алиекспрес, поточно води кон страница којашто не е поврзана со настанот кој се опишува во насловот.
Кога Вистиномер вторпат притисна на линкот, тој нè одведе на некоја украинска страница која исто така нема никаква врска со најавата во објавата.
Станува збор за кликбејт објава, што претставува вид на содржина што е намерно дизајнирана да привлече што е можно повеќе кликови, прегледи или интеракции, најчесто преку сензационален, претеран или двосмислен наслов кој не ја открива целосната суштина на информацијата. Главна карактеристика на кликбејтот е користењето емоционално набиен јазик што предизвикува љубопитност, шок, страв или возбуда, како и намерно изоставување клучни информации со цел корисникот да биде „принуден“ да кликне за да дознае повеќе. Целта на кликбејт објавите е манипулација со емоции преку користење привлечни слики или видеа што не секогаш се директно поврзани со содржината.
Иако ваквите објави можат привремено да го зголемат досегот и ангажманот, нивното влијание врз корисниците на социјалните мрежи често е негативно, бидејќи создаваат чувство на разочараност, ја намалуваат довербата во медиумите и придонесуваат за површно информирање.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар