Учениците од ОУ „Григор Прличев“ добија тениско игралиште
Проект: Изградба на терен за тенис во состав на ОУ „Григор Прличев“. (Рок: октомври 2013 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето за изградба на терен за тенис во ОУ „Григор Прличев“ е исполнето ветување на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Проектот е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локланите избори 2013-2017 година, насловена како: „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гази Баба“ (стр.28).
Со изградбата на 100 тениски терени, на нашите млади тениски таленти им овозможуваме да се развиваат во идни професионални тенисери, но истовремено им овозможуваме услови на сите рекреативци, кои во сè поголем број се занимаваат со овој интересен спорт. Тениските терени се современи, целосно инфраструктурно поврзани, со осветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки, жичена ограда и, што е најбитно, најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација, се наведува во програмата.
На 27.05.2015 година, дел од медиумите информираа дека е пуштено во употреба новото тениско игралиште во ОУ „Григор Прличев“.
Во дворот на основното училиште Григор Прличев беше пуштено во употреба новото тениско игралиште кое ќе биде во функција на користење на учениците. Овој проект е реализиран во соработка помеѓу општина Гази Баба и Агенцијата за млади и спорт, јави Нетпрес.
Потврда дека тениското игралиште е пуштено во употреба и се користи е објавата од 23.04.206 година на официјалната страна на фејсбук профилот на градоначалникот Трајковски.
За прв пат оваа година заедно со Општинскиот сојуз за училишен спорт на Гази Баба организиравме турнир во тенис на тениското игралиште во н.Железара на кој учествуваат ученици од сите основни училишта од Гази Баба.
Повеќе информации околу турнирот беа објавени на официјалната веб – страница на Општина Гази Баба на 23.04.2016 година.
На турнирот присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски кој го подржува развојот на овој спорт, членови на општинската администрација, наставници и жители од населбата Железара. По завршување на турнирот беа прогласени учениците кои ги освоија првите три места, во машка и женска категорија.
Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Гази Баба за изградба на терен за тенис во состав на ОУ „Григор Прличев“ е исполнето ветување, со забелешка дека тоа е направено со задоцнување од две години.
ИЗВОРИ:
- Предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година – „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра општина Гази Баба“ (стр.28) [Пристапено на 07.05.2017]
- Вести.мк (27.05.2015) – Ново тениско игралиште во дворот на основното училиште Григор Прличев [Пристапено на 07.05.2017]
- Нетпрес (27.05.2015) – Ново тениско игралиште во Железара [Пристапено на 07.05.2017]
- Официјална фејсбук страна на градоначалникот тони Трајковски (23.04.2016) [Пристапено на 07.05.2017]
- Официјалната веб страна на Општина Гази Баба (23.04.2016) – Турнир во тенис за ученици [Пристапено на 07.05.2017]
Оцени: Ана Анастасовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар