Учениците од ОУ „Петар Мусев“ не добија нова спортска сала

Фото: Pexels/pixabay

Изградба на спортска сала во ОУ „Петар Мусев“. Во рамки на проектот „145 спортски сали” за поттикнување на правилен психофизички развој и поттикнување на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај младите и возрасните, во соработка со централната власт ќе се изгради спортска сала во ОУ „Петар Мусев“. ( Рок јули 2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на спортска сала во ОУ „Петар Мусев“  е дел од предизборната програма (стр.21) за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ (2013-2017) година на актуелната градоначалничка на Општина Богданци, Анастасија Олумчева. Ова изборно ветување не е исполнето.

Изградбата на спортска сала во ОУ „Петар Мусев“ во Богданци Олумчева ја најави и за време на предизборната кампања во април 2013 година.

Мора да се изгради спортска сала во училиштето за да има место за спортските активности на учениците. Само во спортска сала тие можат да ја изразат својата желба за конкуренција, играјќи на разни турнири и купови, рече Олумчева, пренесе порталот А1он.

На интернет пребарувачите никаде не може да се најде информација за тоа дека учениците на ОУ „Петар Мусев“ добиле нова спортска сала. Таква информација нема ниту на официјалната Фејсбук страна на градоначалничката Олумчева.

Кога во полето за пребарување на нејзината Фејсбук страна ќе напишете ОУ „Петар Мусев“ излегуваат најразлични информации поврзани со училиштето, но во ниту една од нив не се спомнува изградба или дека е пуштена во употреба нова спортска сала.

Со цел да добиеме потврда дека салата не е изградена, се обративме со прашање до официјалната електронска пошта на Општина Богданци, но одговор не добивме. Сепак, жители на Богданци, чиишто деца посетуваат настава во ова училиште, ни потврдија дека училиштето е реновирано, но нова спортска сала сè уште не е изградена.

Според сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Олумчева за изградба на спортска сала во ОУ „Петар Мусев“ не е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција