Учениците од прилепската населба „Тризла“ добија бесплатен превоз
Обезбедување превоз за учениците од населбата „Три Багреми“ до ОУ „Добре Јованоски“
[Извор: Изборна програма на Илија Јованоски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Прилеп за сите“ (стр.39), датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, за локалните избори (октомври 2017 г.), како кандидат на СДСМ за градоначалничата функција, вети дека ќе биде обезбеден превоз за учениците од населбата „Три Багреми“ до ОУ „Добре Јованоски. Ова ветување на Јованоски дадено во неговата изборна програма: „Живот во Прилеп за сите“ (стр.39), е исполнето .
Бесплатниот училиштен превоз за околу 110 деца од месноста „Три багреми“ и од улиците „Моравска“ и „Дабничка“ во населбата „Тризла“ стартуваше од 13.02.2018 година. Според информацијата објавена во медиумите, за овие ученици Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање – Прилеп, воведе посебена линија.
Во врска со ова, директорот на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање – Прилеп, во изјава за медиумите кажа:
Бесплатниот превоз за учениците е организиран во двете смени за двата правца, од 6:30 часот за учениците од првата смена и од 12:30 за учениците од попладневната смена. Навечер, по часовите, од 18:30 часот учениците повторно организирано ќе бидат вратени дома. Опфатени се сите ученици од прво до осмо одделение што учат во основното училиште „Добре Јованоски“ во населбата Тризла.
Информација дека е обезбеден бесплатен јавен превоз за учениците од населбата „Тризла“, е објавена и на веб-страницата на Општина Прилеп.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на Илија Јованоски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Прилеп за сите“ (стр.39) [Пристапено: 22.02.2018]
- Тајм.мк (12.08.2018): Бесплатен јавен превоз за 110 ученици од населбата Тризла [Пристапено: 22.02.2018]
- Нова Македонија (12.02.2018): Бесплатен јавен превоз за 110 ученици од населбата Тризла [Пристапено: 22.02.2018]
- Веб-страница на Општина Прилеп (12.02.2018): Од утре бесплатен јавен превоз за учениците од населбата „Тризла“[Пристапено: 22.02.2018]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар