Училиштата не се отворија за да се собере генетски материјал

Тврдењето дека училиштата се отвораат за „да се собере генетски материјал“ се коси со законите кои се однесуваат на тајноста на здравствениот податок и заштита на правата на пацинетите. Споделувањето на ставови со сомнеж за „собирање на генетски материјал“ не е ново и често е присустно кога се споменува вакцинацијата против ковид – 19. Овие сомневања доаѓаат во пресрет на најавениот скрининг за присуството на коронавирусот меѓу училиштата. Министерството за образвоание и наука (МОН) информира дека на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици

Тврдењето дека училиштата се отвораат за „да се собере генетски материјал“ се коси со законите кои се однесуваат на тајноста на здравствените податоци и заштита на правата на пациентите. Споделувањето на ставови со сомнеж за „собирање на генетски материјал“ не е ново и често е присустно кога се споменува вакцинацијата против ковид-19. Овие сомневања доаѓаат во пресрет на најавениот скрининг за присуството на коронавирусот меѓу училиштата. Министерството за образование и наука (МОН) информира дека на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици

 

 

„Ги отворија училиштата не да ги учат децата туку да им собираат генски материјал преку тестови“, е пораката на Фејсбук со предупредување за наводната позадина на отпочнувањето на учебната година со физичко присуство. Постот којшто целосно дезинформира, предизвика прилично внимание и досега е споделен 13 пати.

Прво, по изминатата учебна година, која се одржа онлајн, оваа година сите препораки на меѓународните организации, како УНИЦЕФ, беа преминување кон настава со физичко присуство во функција на подобрување на знаењата на учениците. Одлуката на Владата на РСМ да се отворат училиштата беше поздравена со соопштение од Патриција ДиЏовани, претставник на УНИЦЕФ во државата. Според неа, Македонија го имала најдолгото затворање на училишата во траење од 54 недели, што е над светскиот просек од 24 недели.

Од нашето истражување со раководителите на училиштата, наставниците и родителите во Северна Македонија, знаеме дека, иако образованието од далечина помогнало децата да продолжат да учат, над половина од наставниците забележале пораст во бројот на ученици кои имале тешкотии или не успевале да го усвојат наставниот материјал поради наставата од далечина. Освен тоа, пред пандемијата на ковид-19, Северна Македонија веќе се соочуваше со образовна криза. Иако дава надеж тоа што земјата покажа подобрување при последните резултати од ПИСА, над половина од сите петнаесетгодишници во земјата не ги достигнале основните нивоа на знаење по читање и математика. Секое континуирано нарушување на образованието може да ги поништи овие придобивки, се вели во изјавата на ДиЏовани

Ставот прифатен од македонските образовни власти е „училиштата први да отворат, а последни да затворат“.

Второ, тврдењето дека училиштата се отвораат за „да се собере генетски материјал“ се коси со законите, кои се однесуваат на тајноста на здравствениите податоци и заштита на правата на пациентите.

Во членот 25 од Законот за заштита на правата на пациентите пишува:

Човечките супстанции од коишто може да се идентификува пациентот мора да се чуваат во тајност, во согласност со прописите за заштита на личните податоци (став 5).

Заштитата на податоците е пропишана и во Законот за здравствена заштита:

Пациентот има право на тајност на податоците што се однесуваат на неговата здравствена состојба, медицинската, односно клиничка состојба, дијагнозата, прогнозата и третманот, како и сите лични податоци и други информации, кои мора да се чуваат во доверба, дури и по неговата смрт, во согласност со прописите за чување на професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци.

Споделувањето на ставовите со сомневање на „собирање на генетски материјал“ не е ново и често е присустно кога се споменува вакцинацијата против ковид – 19. Овие сомневања доаѓаат во пресрет на најавениот скрининг за присуството на коронавирусот меѓу училиштата. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе почне да се спроведува скрининг и на учениците во основните и средните училишта во државата, за што деновиве ќе биде презентирана и методологијата.

По почетокот на школската година се забележува очекуван раст на случаите меѓу учениците. Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно е дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието, кажа министерот

Во некои од европските земји, се спроведува редовен скрининг во училиштата. За илустрација ја споделуваме практиката во Германија. Невакцинираните ученици се тестираат три пати неделно, додека невакцинираните наставници треба да прават тест за корона секој ден. Доколку заболи некој ученик, наместо карантин, сите соученици во класот треба да се тестираат најмалку пет дена со брз корона тест секој ден. Ова важи за сите типови училишта. Во некои од покраините, како Баден Виртемберг се укина задолжителното носење на маски во замена за редовно тестирање. На учениците им се даваат тестови, кои се прават дома, пред тргнување на училиште. Во Баварија брзите антиген тестови во училиштата се задолжителни за сите ученици три пати неделно.

Во Австрија, тестирањето се прави и во училиштата, за што се потпишува согласност од родителите.

Кај нас, досега целосно се вакцинирани 3.752 деца и млади на возраст од 12 до 17 години, со опфатот е 2,7%. Министерството за образвоание и наука (МОН) информира дека на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици. Над 72% од наставниот кадар е целосно вакциниран.

 

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција