Укината е радиодифузната такса
Ја укинуваме радиодифузната такса
За сите граѓани, ќе ја укинеме радиодифузната такса, што ќе значи уште една давачка помалку.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Граѓаните на Македонија веќе нема да плаќаат радиодифузна такса. Ова е исполнето ветување на СДСМ дадено во изборната програма: „План за живот во Македонија“(стр.5), со која социјалдемократите излегоа на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година.
На 19 септември 2017 година Собранието на Република Македонија по скратена постапка ги донесе измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој се укинува плаќањето на радиодифузната такса. Според информацијата пренесена во медиумите законските измени се доднесени едногласно:
За измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги „за“ гласаа 70 пратеници, а „против“ и „воздражани“ немаше. Бидејќи овој закон се носи и со Бадентерово мнозинство, укинувањето на радиодифузната такса го поддржаа 20 пратеници од немнозинските заедници.
Радиодифузната такса беше воведена во 2005 година.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на СДСМ: План за живот во Македонија (стр.5) [Пристапено: 28.09.2017]
- Тајм. Мк (19.09.2017) : Укината е радиодифузната такса [Пристапено: 28.09.2017]
- Мета (19.09.2017): Собранието ја укина радиодифузната такса [Пристапено: 28.09.2017]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар