Укинати се психолошките тестови за вработување во државната администрација

Психолошките тестови се укинати со измените на Законот за административни службеници, кои Собранието ги донесе на 15.01.2018 г. Фото: Принтскрин МЕТА

УКИНУВАЊЕ НА ТЕСТ НА ЛИЧНОСТ (ПСИХОЛОШКИОТ ТЕСТ) КАКО УСЛОВ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Ќе го укинеме нереалниот психолошки тест, кој само создава буџетскитрошоци и поголем простор за корупција и манипулација од страна на власта и ним блиските.

[Извор: Изборна програма на СДСМ, (2016), „План за живот во Македонија“ (стр.25 и 243);]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За предвремените парламентарни избори кои се одржаа во декември 2016 година  СДСМ вети укинување на психолошкиот тест како услов за вработување во државната администрација.  Ова изборно ветување на социјалдемократите, дадено во изборната програма  насловена  „План за живот во Македонија“(на стр.25 и на стр.243), е исполнето. Психолошките тестови се укинати со измените на Законот за административни службеници, кои Собранието ги донесе  пред десетина дена (15.01.2018).

Споменатите измени и дополнувања на  Законот за администартивни службеници Владата ги прифати (како предлог од Министерството за информатичко општество и администрација), во почетокот на  ноември минатата година (2017) и ги испрати на усвојување во Собранието во редовна постапка.

Со овие законски измени, кои парламентот ги усвои на 15 јануари 2018 година (со 59 гласови „за“ , ниту еден „против“ или „воздржан“),  се избриша членот 43 од Законот за административни службеници,  во кој  беа прдвидени психолошките тестови за кандидатите кои сакаат да се вработат во администрацијата:

 член 43 став (1) – Со тестот на личност се проверува соодветноста на кандидатот за работно место за кое аплицирал, преку полагање на валидиран тест за користење во Република Македонија базиран на стандардизиран петфакторски модел со кој се проверуваат социјалните особини, одредени аспекти на интегритетот на личноста, пристапот кон учењето, како и другите психолошки особини во функција на извршувањето на работите и работните задачи за соодветната категорија на работни места. (овој член од Законот е избришан) 

Направените измени на Законот за административни службеници со кои се укинуваат психолошките тестови, се објавени во  „Службен весник“ (бр.11), на 18.01.2018 г., а стапија во сила осмиот ден од нивното објавување, односно на 26 јануари. Споменатите измени и дополнувања на Законот за административни службеници  и консолидираниот текст на овој Закон,  се објавени и на веб-страницата на Министертсвото за информатичко општетсво.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција