Украина не го менува името во „Рус“, а споредбата со Северна Македонија е беспредметна

Фото:Government of Ukraine, Public domain, via Wikimedia Commons

Не е вистина изнесеното во објавата што ја рецензираме дека „Украинците тргнале по стапките на Грците“ ниту дека „тие ќе стануваат „Рус“, а исто така наведена е и невистина дека „ЕУ и САД во Македонија вежбале растурање на Русија“.

Не е вистина изнесеното во објавата што ја рецензираме дека „Украинците тргнале по стапките на Грците“, ниту дека „тие ќе стануваат „Рус, а исто така наведена е и невистина дека „ЕУ и САД во Македонија вежбале растурање на Русија“. Не постои одлука на која било власт во Украина, меѓународен договор, ниту официјална иницијатива за промена на името на државата. Со самото тоа, споредбата со Северна Македонија создава погрешен впечаток дека промената на името веќе е отпочната или дека постои сериозен план за таков потег, што не е точно

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Украинците по стапките на Грчиштата. Тие ќе стануваат Рус а Русите… Не знам, можеби сами московјани. Само Русите не се Македонци и го немаат нашиот робски менталитет. П.С. Реков а сега се потврдува дека ЕУ и САД во Македонија вежбаа растурање на Русија. Само Русите не се Македонци, тие се борат.

Во склоп на објавата се споделува текст со наслов „Украина го менува името по сценариото во Северна Македонија?! Шок во Киев, државата ќе се вика вака – предлогот на политичарите го запрепасти светот“.

Во текстот пишува дека поранешниот министер за надворешни работи на Украина Борис Тарасјук предложил земјата, ако некогаш биде приморана да го промени официјалното име, да се вика „Рус“. Потоа се додава дека Тарасјук не кажал дека власта во Киев моментално спрема преименување на државата, ниту дека такво барање постои во преговорите за членство на Украина со Европската Унија. Поранешниот украински функционер идејата ја изнел како одговор на прашањето дали Украина поради споровите со соседите би можела да се најде во слична ситуација како некогашна Македонија, која поради договорот со Грција го промени името во Северна Македонија.

Не е вистина изнесеното во објавата што ја рецензираме дека „Украинците тргнале по стапките на Грците“ ниту дека „тие ќе стануваат „Рус“, а исто така наведена е и невистина дека „ЕУ и САД во Македонија вежбале растурање на Русија“. Северна Македонија е членка на НАТО од 2020 година и соработува со земјите членки во областа на одбраната, безбедноста, обуката и заедничките воени вежби. Таквите активности се јавни и транспарентни, а нивната цел е унапредување на колективната одбрана и интероперабилноста на сојузниците. Од тоа не произлегува дека Македонија била место каде што се подготвувало „растурање на Русија“, ниту пак објавата нуди факти што би го потврдиле ова сериозно обвинение.

Како што пишуваат проверувачите на факти на „Раскринкавање“ од Црна Гора, во текстот кој се цитира во објавата што ја рецензираме, насловот е изваден од контекст, односно само во насловите на регионалните таблоиди „Украина го менува името“.

Насловот е изваден од контекст и се фокусира на извор кој нема институционална надлежност ниту пак ја претставува официјалната политика на украинските власти, што на читателите подоцна во текстот им е и појаснето. Во самиот текст на порталот се открива дека промената на името на Украина во „Рус“ е предлог на некогашниот министер за надворешни работи на Украина Борис Тарасјук. Така што сосема е јасно, дека насловот е сензационалистички односно дека нема никаква втемеленост во самиот текст. Со него читателите може да се доведат во заблуда дека се работи за официјална одлука на државата, официјална најава или процес сличен на оној низ кој помина Северна Македонија. Случајот со Северна Македонија беше специфичен. Државата после долгогодишен спор со Грција околу името „Македонија“ во 2018 година потпиша Преспански договор и го промени уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија. Таа промена беше резултат на меѓународен договор и уставни измени, пишуваат проверувачите на факти на „Раскринкавање“.

Од друга страна, во случајот со Украина не постои одлука на која било власт, меѓународен договор, ниту официјална иницијатива за промена на името на државата. Со самото тоа, споредбата со Северна Македонија создава погрешен впечаток дека промената на името веќе е отпочната или дека постои сериозен план за таков потег, што не е точно.

Факт е дека Украина не го менува своето име и дека една необврзувачка изјава на поранешниот украински функционер е искористена за креирање заведувачки кликбејт наслов.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција