Украина не продолжува да крвави заради Велика Британија, туку заради Путин

Илустрација:Вистиномер.мк

Велика Британија на почетокот на април најави нова воена помош за Украина од преку 510 милиони евра, но не затоа што сака војната да продолжи, туку за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од бруталните напади на Русија, кои очигледно е дека не сопираат, иако наводно Русија води некакви преговори за мир.Доказ за тоа е и масакрот што Русија го изврши со ракетниот напад врз Суми на 13 април 2025 година во кој загинаа 32 лица, меѓу кои две деца. На 7 мај Русија го нападна Киев со дронови и ракети неколку часа пред тридневното примирје што го најави Путин по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот, при што загинаа најмалку две лица

Велика Британија на почетокот на април најави нова воена помош за Украина од преку 510 милиони евра, но не затоа што сака војната да продолжи, туку за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од бруталните напади на Русија, кои очигледно е дека не сопираат, иако наводно Русија води некакви преговори за мир. Доказ за тоа е и масакрот што Русија го изврши со ракетниот напад врз Суми на 13 април 2025 година во кој загинаа 32 лица, меѓу кои две деца. На 7 мај Русија го нападна Киев со дронови и ракети неколку часа пред тридневното примирје што го најави Путин по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот, при што загинаа најмалку две лица

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Кажете ми еден народ во историјата кој фатил работа со Британците и бил ќар! Во современата западна историја нема поголемо зло од Британија!

Заради нив Украина продолжува да крвари непотребно! Зарем немавме лекција во Беломорска Македонија!? Дали сме нормални!?

Не е точно дека Украина продолжува да крвави заради Велика Британија.

Наративот дека Европа, Западот ја почнал војната во Украина и дека западните земји се тие кои сакаат војната да продолжи и понатаму да се пролева крв, не е нов и тој е произлезен од кујната на Кремљ кој сака да се амнестира од воената инвазија, нарекувајќи ја „специјална воена операција“.

Поддршката за Украина е во согласност со нејзиното право на самоодбрана. Неточно е да се каже дека ЕУ или некоја европска држава ја испровоцирала воената инвазија, а уште помалку дека европските држави сакаат војната да продолжи.

Русија ја започна војната против Украина без да биде загрозена од Украина или која било друга земја во Европа. На 24 февруари 2022 година, руските трупи започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Путин, кој најави „специјална воена операција“ во раните мугри и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.

На нападот му претходеше одлуката на рускиот претседател Путин од 21 февруари 2022 година, за признавање на независноста на таканаречените народни републики во Доњецк и Луганск, кои од 2014-тата година се под контрола на проруските сепаратисти. Ваквата одлука на Путин му овозможи директно да испрати руски воени единици во Источна Украина, каде веќе беа во тек повремени судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Откако Русија ја нападна Украина, таа почна да се брани затоа што граѓаните на Украина не се согласуваат да бидат територијално преземени од Русија.  Во тоа и помагаат западните држави.

Велика Британија на почетокот на април најави нова воена помош за Украина од преку 510 милиони евра, но не затоа што сака војната да продолжи, туку за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од бруталните напади на Русија, кои очигледно е дека не сопираат, иако наводно Русија води некакви преговори за мир.

Доказ за тоа е и масакрот што Русија го изврши со ракетниот напад врз Суми на 13 април 2025 година во кој загинаа 32 лица, меѓу кои две деца. На 7 мај Русија го нападна Киев со дронови и ракети неколку часа пред тридневното примирје што го најави Путин по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот, при што загинаа најмалку две лица.

На 18 мај Украина соопшти дека Русија го извршила својот најголем напад со беспилотни летала од почетокот на нејзината целосна инвазија, насочен кон неколку региони, вклучувајќи го и Киев, каде што беше убиена една жена.

Путин даде идеја да се одржат преговори меѓу Украина и Русија во Истанбул, откако претходно не го прифати предлогот на европските шефови на држави и влади и на украинскиот претседател Зеленски  да прогласи 30-дневно примирје на 12 мај. Наместо тоа, тој ѝ предложи на Украина директните преговори меѓу Киев и Москва да продолжат „без предуслови“ на 15 мај во Истанбул.

По ова, Зеленски предложи директно да се сретнат со Путин во Истанбул, што Путин го одби.

На разговорите беше само договорено Киев и Москва да направат меѓусебна размена на 1 000 затвореници.

Според ова, очигледно е дека Путин нема намера да ја запре војната, а за тоа говори и фактот што тој на 1 април потпиша указ за пролетна мобилизација со кој се наредува да се повикаат 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, што е најголем број регрути во Русија од 2011 година.

Пролетниот повик за една година воена служба доаѓа неколку месеци откако Путин рече дека Русија треба да ја зголеми својата војска на речиси 2,39 милиони војници, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на активниот персонал на 1,5 милиони, што е зголемување за 180.000 во следните три години.

Како Путин го отфрла мировниот договор за Украина инициран од Трамп, продолжувајќи со нападите врз цивилите, прочитајте во опширната анализа на Вистиномер.

Велика Британија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина, што говори за тоа дека оваа држава е за мир во Украина, а не за продолжување на војната, како што тврди објавата што ја анализираме.

Британскиот премиер Кир Стармер Британскиот на 15 мај во Тирана, по преговорите во Истанбул меѓу Киев и Москва, повика на мир во Украина, обвинувајќи ја Русија за „одолговлекување и играње игри“.

Веќе неколку месеци Украина е јасна во однос на прекинот на огнот. Путин беше агресор и го попречува мирот, ова е Русија и тој е Путин. Ова е доказ за она што го реков, Путин е тој што ги влече работите надолу, рече Стармер околу неучеството на рускиот претседател Владимир Путин, на мировните преговори во Турција.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција