Украина нема 400 илјади дезертери

Илустрација: Вистиномер.мк

Во написи кои ги пребаравме во врска со бројот на украински дезертери, никаде на сретнавме бројка од 400.000 војници, бројка којашто ја нагласува пратеничката Скороход во нејзината изјава, пренесена во објавата што ја анализираме. Украински медиуми и политички противници ја обвинуваа Скороход дека има „руски врски“ преку сопругот и деловните контакти. Таа негира дека работи во интерес на Русија и тврди дека сите вакви обвинувања се политички мотивирани. Скороход често дава изјави критички настроени кон украинската влада, а некои од нив се користат од руските медиуми

Во написи кои ги пребаравме во врска со бројот на украински дезертери, никаде на сретнавме бројка од 400.000 војници, бројка којашто ја нагласува пратеничката Скороход во нејзината изјава, пренесена во објавата што ја анализираме. Украински медиуми и политички противници ја обвинуваа Скороход дека има „руски врски“ преку сопругот и деловните контакти. Таа негира дека работи во интерес на Русија и тврди дека сите вакви обвинувања се политички мотивирани. Скороход често дава изјави критички настроени кон украинската влада, а некои од нив се користат од руските медиуми

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Речиси 400.000 украински војници ги напуштија своите единици без дозвола, а многумина – вклучувајќи ги и волонтерите – немаат планови да се вратат.

Објавата споделува напис со наслов „Украинците бегаат“ кој се повикува на изјава на украинската пратеничка Ана Скороход.

Многумина никогаш нема да се вратат, бидејќи тоа е прашање на принцип… Не можете да се однесувате кон оние што волонтирале, се бореле три години без да го видат своето семејство, како кон животни.

Написот не наведува извор, односно, каде украинската пратеничка ја дала оваа изјава.

Изјавата на Скороход ја пренесуваат руските медиуми (тука, тука).

Изјавата на Скороход може да се најде и во видео објавено од Mirror now на каналот Јутјуб.

Украинската пратеничка Ана Скороход ја обвини владата на претседателот Володимир Зеленски дека предводела воен колапс, тврдејќи дека 400.000 војници дезертирале поради широко распространета исцрпеност, лошо лидерство и системска злоупотреба. Во серија експлозивни изјави, пратеничката на Врховната рада тврдеше дека трупите на Киев се „третирани како животни“, им се одзема медицинска нега и се принудени да се борат без обука или плата, стои во описот на видеото во кое се нагласува дека Скороход ја пофалила Русија дека многу подобро ги третира војниците од Украина.

Ана Скорохд била избрана за народна пратеничка во украинскиот парламент (Врховна Рада), како кандидатка од партијата „Слуга на народот“, на изборите во 2019 година. По неколку месеци, во ноември 2019 година, таа била исклучена од „Слуга на народот“, поради некои политички несогласувања и обвиненија за понуда на мито, кои таа ги негираше и ги обвини властите за притисок врз нејзиното семејство. Во јули 2020 година, се приклучува на парламентарната група „За иднината“ (За майбутнє/For the Future).

Украински медиуми и политички противници ја обвинуваа дека има „руски врски“ преку сопругот и деловните контакти. Таа самата негира дека работи во интерес на Русија и тврди дека сите вакви обвинувања се политички мотивирани. Скороход често дава изјави критички настроени кон украинската влада, а некои од нив се користат од руските медиуми.

Ова ѝ донесе репутација кај одредени украински политичари дека е „проруски настроена“.

Во написи кои ги пребаравме во врска со бројот на украински дезертери, никаде на сретнавме бројка од 400.000 војници, бројка којашто ја нагласува Скороход во нејзината изјава, пренесена во објавата што ја анализираме.

Нексус њуз фид, кој исто така ја пренесува изјавата на Скороход, потсетува на извештај на украинскиот новинар Владимир Бојко кој минатиот месец објавил дека властите поднеле повеќе од 107.000 кривични пријави за дезертерства и бегство од војска во првата половина на 2025 година. Тој навел дека вкупниот број на случаи надминал 230.000 од ескалацијата на украинскиот конфликт во 2022 година, а реалниот број на инциденти е можеби уште поголем. Најчесто спомнувана бројка кон крајот на минатата година е околу 100 илјади.

Дојче веле пишува дека на почетокот на годината, Украина регистрирала околу 123.000 истраги за војници кои отсуствувале без дозвола или ги напуштале своите единици.

Медиумот пренесува и изјава од Косјантин, еден од околу 21.000 украински војници класифицирани како дезертери кои доброволно се вратиле во воена служба во март за да избегнат законска казна.

Бројот на војници што ги напуштаат своите позиции толку многу порасна во 2023 и 2024 година што истражителите не можеа да следат, завршувајќи истраги само за околу 7% од случаите. Тоа доведе до премолчено прифаќање на договор во кој властите ветија дека нема да ги гонат дезертерите сè додека командантите можат да ги убедат да се вратат на должност. Договорот беше усвоен во закон на есен 2024 година, кога парламентот им овозможи на лицата што избегнуваат воена служба и дезертерите да се пријават во армијата на должност како начин да избегнат гонење. Законите на Украина беа изменети во декември, со што им се даде на војниците рок до 1 јануари 2025 година да се придржуваат. Рокот потоа беше продолжен до март, наведува Дојче веле.

Значи, официјално никаде не се спомнува бројка од над 400 илјади украински дезертери, а не е точно и дека ниту еден од нив не се вратил на фронтот.

По повеќе од три години интензивна војна со Русија, Украина губи голем број војници дневно и има вонредна потреба од дополнителни сили на фронтот. Во првите месеци од војната имаше голем број доброволци. Со текот на времето, бројот на луѓе кои доброволно се пријавуваат значително опадна, па државата мора да премине кон задолжителна мобилизација. Во 2024 година, беа регистрирани над 50.000 случаи на дезертерство во Украина.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е неточна.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција