Улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4 доби нов асфалт
Реконструкција на улицата „Никола Парапунов“
[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за реконструкција на улицата „Никола Парапунов“ е исполнето. Ова ветување Шилегов го даде пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници.
Реконструкцијата на оваа сообраќајница во населбата Карпош 4 во Скопје започна во среднината на септември и го опфати потегот од крстосницата со булевар „Илинден“ до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“.
На стартот на работите градоначалникот Шилегов најави дека градежните активности на „Никола Парапунов“ ќе траат 30 дена, но реконструкцијата на улицата е завршена на 2 октомври, десетина дена пред предвидениот рок.

Од Град Скопје информираа дека во рамките на градежните работи направена е комплетна реконструкција на коловозот по целата должина на улицата од околу 580 метри, како и замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници.
Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на официјалната веб-страница на Град Скопје и во повеќе медиуми.
ИЗВОРИ:
- Официјална веб-страница на Град Скопје (29.04.2020): Шилегов ја најави градежната офанзива за ова лето [Проверено на: 03.11.2020]
- Макфакс (30.04.2020): (Видео) Шилегов најави градежна офанзива ова лето [Проверено на:03.11.2020]
- Грид.мк (30.04.2020): Град Скопје со нова офанзива за изградба и реконструкција на градските улици [Проверено на: 03.11.2020]
- Тајм.мк (19.09.2020): Се реконструира улицата ,,Никола Парапунов” во Карпош 4 [Проверено на: 03.11.2020]
- Макфакс (19.09.2020): Почна реконструкцијата на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4, активностите ќе траат еден месец [Проверено на: 03.11.2020]
- Официјална веб-страница на Град Скопје (29.09.2020): Се реконструира улицата Никола Парапунов во Карпош 4 [Проверено на: 03.11.2020]
- Официјална веб-страница на Град Скопје (02.10.2020): Завршен коловозот на улицата Никола Парапунов во Карпош 4 [Проверено на: 03.11.2020]
- Тајм.мк (02.10.2020): Финално асфалтирање на улицата улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4 [Проверено на: 03.11.2020]
- Канал 5 (02.10.2020): Завршена реконструкцијата на улицата „Никола Парапунов” во Карпош 4 [Проверено на: 03.11.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар