Улицата „Крушевска Република” во Штип доби нов асфалт

Градоначалникот Бочварски врши увид во градежните активности на улицата „Крушевска Република“ во населбата „Баби“ Фото: stip.gov.mk

 

Да поставиме нов асфалт на улица „Крушевска Република” во должина од 500м спој со ул. „Лески”

[Извор: Изборна програма на Благој Бочварски за локални избори 2017 година,  „Живот во Штип за сите“ (стр. 26), датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски  дека ќе биде поставен нов асфалт на улицата „Крушевска Република“ , дадено во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), е исполнето. Проектот е дел од неговата предизборна програма „Живот во Штип за сите “,  во делот „МЕСНИ  ПРОЕКТИ“ – Урбани заедници „Баби” и „Дузлак”(стр.26).

На 22 август (2018)  градоначалникот на Штип, Бочварски, изврши увид во градежните активности за рехабилитација и санација на улицата „Крушевска Република“ во населбата Баби. Во дел од медиумите беше пренесена изјава од градоначалникот Бочварски во која тој вели:

Пред неколку дена објавивме дека Општина Штип започнува голема градежна офанзива со големи инвестиции во висина од 2.6 милиони евра. Денеска продолжуваме со промовирањето на сите градежни зафати коишто ги започнавме и ќе ги спроведуваме во наредниот период… На улицата „Крушевска Република“ ќе асфалтираме површина од 1300 метри квадратни, а рехабилитацијата и санацијата на оваа улица Општина Штип ќе ја чини некаде околу 450.000 денари 

Информација и фотографии поврзани со градежните активности на улицата „Крушевска Република“ во населбата „Баби“, се објавени и на веб-страницата на Општина Штип.

На 30 август на веб-стрницата на Општината е објавено дека заврши санацијата и рехабилитацијата на улицата „Крушевска Република“, а истата  информација може да се прочита и во дел медиумите.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ова изборно ветување на Бочварски е исполнето

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција