Улицата „Влае“ доби нов асфалт
Проект: Асфалтирање на улица „Влае“. ( Рок 2017 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Проектот: „Асфалтирање на улица „Влае“ “ е исполнето ветување на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски. Проектот е дел од неговата изборна програма со која настапи на локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Визија за Карпош“. Ветувањето се наоѓа во делот посветен на проектите предвидени за мандатот од 2013-2017 година за Урбана заедница „Влае 1“ (стр.34).
На 26.06.2017 година, на официјалната Фејсбук – страница на Општина Карпош беше објавена информација дека е во тек асфалтирање на улицата Влае.
Асфалтирање на ул.Влае во должина од 800метри со сите нејзини краци. Вредност 3,5 милиони денари. Изведувач: “Ве Груп”
Два дена подоцна, на 28.06.2017 година, исто така на официјалната Фејсбук – страница на Општината, беше објавена фотографија со информација дека улицата Влае доби нов асфалт.
Имајќи предвид дека мандатот на градоначалникот Јакимовски е формално истечен во мај 2017 година, но е продолжен до локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври 2017 година, може да се заклучи дека неговото ветување за асфалтирање на улицата Влае е исполнето.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма за локални избори 2013-2017 година на Стевчо Јакимовски – Визија за Карпош (стр.34) [Пристапено на 29.06.2017]
- Официјална Фејсбук страна на Општина Карпош (26.06.2017) , (28.06.2017) [Пристапено на 29.06.2017]
Оцени: Ана Анастасовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар