Улицата „Волковска“ сè уште чека проширување и тротоари

Реконструкцијата на Волковска до последната станица на автобустот бр. 22, допрва треба да почне Фото: Принтскрин

ПРОЕКТ: Проширување на ул. „Волковска“ и изградба на тротоари

Опис на проектот: Проширување на ул. „Волковска“ и изградба на тротоари до последната автобуска станица на автобусот со број 22. (Рок: 2014-2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во изборната програма на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на стр.58  е предвидено:  „Проширување на ул. „Волковска“ и изградба на тротоари до последната автобуска станица на автобусот со број 22“. Овој проект  досега (27.06.2016) е  нереализиран.

Во 2010 година еден дел од оваа улица е проширен и асфалтиран во должина од 1.700 метри и широчина од 7 метри. На улица „Волковска“ тогаш се  поставуваше водоводна и канализациона мрежа и поради тие активности беше во лоша состојба.

На 27.03.2013 година, за време на предизборната кампања за локалните избори Градоначалниците и кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат на Град Скопје и на Општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митровски, го промовираа проектот за проширување на улицата „Волковска” .

Станува збор за реконструкција и проширување на патот од центарот на Волково до последната автобуска станица на автобусот со број 22 во должина од 1,5 километри. Со изградбата на овој потег, ќе може да сметаме дека целосно е реконструиран патот од пругата во населеното место Ново Село до последната автобуска станица број 22, изјави Трајановски.

Сепак, во изминативе три години тоа не се случи. А на 25 април годинава, кога беше означен почетокот на работите за реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“,  Трајановски кажа  дека  реконструкција на улицата „Волковска“ треба да почне кон крајот на ова лето:

„…некаде на крај на летото, почеток на есен улица Волковска ќе почнеме да ја отвараме …“ (о,57 до 1.02 минута од видеото Почеток на градежни работи за реконструкција на булеварот Ѓорче Петров 3)

Од сето ова може да се заклучи дека ветувањето „ Проширување на ул. „Волковска“ и изградба на тротоари“, е неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.