Уреден е кејот на реката Луда Мара во Ваташа
Уредување на кејот на реката Луда Мара во Ваташа
[ИЗВОРИ: КТВ (април 2018) А1 ОН (мај 2018) и Сител (септември 2017), ]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во кампањата за локаните избори (окромври 2017 г.) и на почетокот на неговиот мандат градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вети уредување на кејот на реката Луда Мара во Ваташа. Ова негово изборно ветување е исполнето.
На почетокот на минатата година ( 2019) од Општина Кавадарци информираа дека започна реализацијата на проектот за изградбата на кејот на Луда Мара низ селото Ваташа
Деновиве градежната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна со реализација на проектот за изградба на кеј шеталиште на реката Луда Мара низ селото Ваташа.
Станува збор за четвртата фаза од изградбата на кејот. Согласно проектот треба да се изградат 770 должни метри нов кеј на потегот од паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат.
За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милиони денари.
На веб-страницата на Општината може да се најдат повеќе информации и фотографии за текот на градежните работи поврзани со уредувањето на кејот во Ваташа.
Така, на пример, во јули 2019 има информација за тоа дека „Кејот на реката Луда Мара низ Ваташа го добива проектираниот лик“
|Градежната оператива на фирмата „Градба промет“ во село Ваташа работи на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“. Според динамиката деновиве се извршуваат работи на бетонирањето на пешачките патеки над минорното корито, се поставуваат канделабри од јавното улично осветлување, како и се доуредуваат страните од големото корито на потегот пред фудбалското игралиште…
Во септември од Општината информираа дека на уредениот кеј на Луда Мара во Ваташа е поставена урбана опрема, а веста беше пренесена и во дел од медиумите.
Изградбата на кејот во Ваташа се споменува меѓу реализираните проекти во Отчетот (стр.3) на градоначалникот Јанчев за две години од неговиот мандат.
ИЗВОРИ:
- А1 ОН (18.05.2018) : Се реконструира и уредува Домот на културата во Ваташа [Проверено на: 30.01.2020]
- Сител (25.09.2017): Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Јанчев се сретна со ваташани [Проверено на: 30.01.2020]
- КТВ (14.04.2018): (ВИДЕО) ЈАНЧЕВ: Кејот ќе се гради до Моклиште, во Ваташа нов мост [Проверено на: 30.01.2020]
- Веб-страница на Општина Кавадарци (01.02.2019): Започна 4 фаза од изградбата на кејот на Луда Мара [Проверено на: 30.01.2020]
- Веб-страница на Општина Кавадарци: Кеј Ваташа [Проверено на: 30.01.2020]
- Веб-страница на Општина Кавадарци (28.03.2019): Изградба на кејот на Луда Мара низ Ваташа според предвидената динамика [Проверено на: 30.01.2020]
- Веб-страница на Општина Кавадарци (01.07.2019) Кејот на реката Луда Мара низ Ваташа го добива проектираниот лик [Проверено на: 30.01.2020]
- Веб-страница на Општина Кавадарци (08.08.2019): Продолжува изградбата на новиот кеј-шеталиште во Ваташа [Проверено на: 30.01.2020]
- Веб-страница на Општина Кавадарци (12.09.2019): Поставена урбана опрема на кејот шеталиште во Ваташа [Проверено на: 30.01.2020]
- Курир ( 13.09.2019): Поставена урбана опрема на кејот во Кавадарци [Проверено на: 30.01.2020]
- КТВ (13.09.2019): Поставена урбана опрема на кејот во Ваташа [Проверено на: 30.01.2020]
- Канал 5 (12.09.2019): Ќе се доуреди кејот на реката Луда Мара во Кавадарци Проверено на: 30.01.2020]
- Веб-страница на Општина Кавадарци: Две години градоначалник – Отчет [Проверено на: 30.01.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар