Урсула фон дер Лајен не ја опишува слободата на говор како „вирус“
Поради погрешно пренесување на преводот од говорот на претседателката на Европската комисија, се тврди дека таа ја опишувала слободата на говор како вирус, а цензурата како „вакцина“. Меѓутоа ова не е точно. Самиот процес на дебанкирање и прибанкирање воопшто не е цензура, а Фон дер Лајен зборува за манипулациите со информации како вирус, а прибанкирањето како вакцина (во фигуративна смисла)
Поради погрешно пренесување на преводот од говорот на претседателката на Европската комисија, се тврди дека таа ја опишувала слободата на говор како вирус, а цензурата како „вакцина“. Меѓутоа ова не е точно. Самиот процес на дебанкирање и прибанкирање воопшто не е цензура, а Фон дер Лајен зборува за манипулациите со информации како вирус, а прибанкирањето како вакцина (во фигуративна смисла)
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:
Урсула ја опишува слободата на говор како вирус, а цензурата како нејзина вакцина. Нека биде јасно дека таа, заедно со сите други кои се залагаат за цензура, се вистинскиот вирус што ја инфицираат Европа.
Наспроти изнесеното во објавата, неточно е дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, ја опишува „слободата на говор како вирус“. Кога ќе се прегледа нејзиниот говор што е споделен и кога ќе се преслуша англиската верзија, таа, всушност, во говорот истакнува нешто сосема поинакво.
И конечно, потребна е отпорност. Како што напредува технологија треба да изградиме општествен имунитет околу манипулациите со информации. Затоа што истражувањата покажаа дека прибанкирањето е многу поуспешно отколку дебанкирањето. Прибанкирањето е спротивно на дебанкирањето. На кратко, превенцијата е посакувана за лек. Можеби ако ги замислиме манипулациите со информации како вирус, наместо да третираме инфекција откако таа настапила (дебанкирање), многу е подобро да вакцинираме така што телото ќе биде имунизирано. Прибанкирањето е тој пристап. Затоа што дезинформациите опстојуваат зашто луѓето ги пренесуваат од еден на друг. Суштински е да знаат луѓето што е влијанието на малигните информации и кои техники стојат зад него. Како што се зголемува знаењето, нашите шанси да бидеме под влијание се намалуваат. Тоа ја гради општествената отпорност.
Како што може да се види од самиот говор и видеоматеријалот што е презентиран, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен не зборува дека слободата на говор е вирус, ниту пак, цензурата како вакцина. Таа зборува дека вирус се манипулациите со информации, а кога ќе се погледне целиот контекст, таа зборува за штетните влијанија на малигните дезинформации. Таа повикува во говорот на едукација за влијанието на овие дезинформации и штетни влијанија, но и на нивно прибанкирање. Прибанкинг (prebunking) е процес на разобличување лаги, тактики и извори пред тие да нападнат. Овие техники може да ги применуваат репортери, влади и други. Во прибанкингот предноста е во тоа што се гради доверба со публиката наместо да се исправаат факти. Прибанкингот се однесува на исправа на специфични лажни тврдења или наративи, но и во објаснување на тактиките што се користат за манипулација. Како дел од прибанкирањето може да се демистифицираат и лоши извори на информации односно да се открие нивната заднина.
Претседателката на Европската комисија во говорот воопшто не зборува за слободата на говор, а уште помалку ја опишува како вирус. Имено, слободата на говор во Европската Унија е регулирана најчесто со домашните устави и законодавства на поединечните држави. Самото тоа налага дека оваа категорија на слобода на говор во одредени делови може да се ограничи и тоа го прави секое законодавство.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Поради погрешно пренесување на преводот од говорот на претседателката на Европската комисија, се тврди дека таа ја опишувала слободата на говор како вирус, а цензурата како „вакцина“. Меѓутоа ова не е точно. Самиот процес на дебанкирање и прибанкирање воопшто не е цензура, а Фон дер Лајен зборува за манипулациите со информации како вирус, а прибанкирањето како вакцина (во фигуративна смисла).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар