Уште една дезинформација дека авионски нè прскаат со боев отров
Постот шири дезинформации дека од авиони се испушта воен отров и е на линија на добропознатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Видеото кое е објавено под постот, не е јасно дали е снимено во земјава, ниту пак, се знае за каков авион станува збор. Она што се гледа на видеото е само обична бела трага што ја прави секој авион како резултат на кондензација. Постот е објавен пред речиси една недела (24 октомври), а за „отровот“ којшто, наводно, е „пуштен на најјако“ не слушнавме дека предизвикал масовни труења?!
Постот шири дезинформации дека од авиони се испушта воен отров и е на линија на добропознатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Видеото кое е објавено под постот, не е јасно дали е снимено во земјава, ниту пак, се знае за каков авион станува збор. Она што се гледа на видеото е само обична бела трага што ја прави секој авион како резултат на кондензација. Постот е објавен пред речиси една недела (24 октомври), а за „отровот“ којшто, наводно, е „пуштен на најјако“ не слушнавме дека предизвикал масовни труења?!
Пост на Фејсбук дезинформира дека во Македонија со авиони се прска боен отров. За ваквото тврдење нема никакви докази и истото е дел од познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“.
24.10.2021 Македонија
Господине началник на АРМ ,уште колку авиони боев отров ќе поминат, се вели во постот кој го анализираме.
Објавата е придружена со видео на кое се гледа бела трага од авион на небото.
„Кемтрејл“ е познат израз за светски познатата теорија на заговор
Терминот „кемтрејл“ се користи за светски проширената теорија на заговор дека со авионите, „не прскаат“ со хемикалии. Оваа теорија на заговор особено се засили и доби на израз со појавата на пандeмијата со коронавирусот, а нејзините поддржувачи шират лаги дека вирусот не постои и дека, всушност, некој не труе со отрови. Според теоријата на заговор за „кемтрејл“ патеките, според која, наводно, белите траги кои ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“.
Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од вода кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.
Уште пред пет години (ноември 2016) група од 77 научници објавија извештај откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.
Според истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви заговорнички теории, не е најден „ниту еден веродостоен доказ дека ‘кемтрејлс“ постои“.
Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во неколку рецензии на „Вистиномер“.
Белата патека од авионите е кондензација
Белата патека што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Патеките се составени од вода, во форма на кристали од мраз. Во зависност од температурата и влажноста на воздухот, тие можат да бидат видливи само неколку секунди или минути, или може да опстојуваат со часови и да се шират на неколку километри.
Видеото кое е објавено под постот што го анализираме, а во кој се тврди дека во Македонија се испушта боев отров, прво, не е јасно дали е снимено во земјава, ниту пак, се знае за каков авион станува збор. Нема изјава од официјална институција дека навистина се работи за авион кој го надлетува македонското небо и испушта боев отров. Она што се гледа на видеото е само обична бела трага која ја прави секој авион како резултат на кондензација.
На крајот да споменеме и тоа дека постот е објавен пред речиси една недела (24 октомври), а за „отровот“ кој, наводно, е „пуштен на најјако“ не слушнавме дека предизвикал масовни труења?!
Оттука, можеме да заклучиме дека постот кој е предмет на нашата анализа шири дезинформации и е дел од добро познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар