Уставот на Република Северна Македонија не може да се почитува без употреба на уставното име

 

Во ТВ дебатата на претседателските кандидати пред вториот изборен круг, кандидатката Гордана Силјановска-Давкова повторно го искажа својот став во однос на употребата на уставното име кое произлезе од промената на Уставот со ново исгласаните амандамни, а кои, всушност, го верифицираат Преспанскиот договор. Оваа изјава на претседателскиот кандидат Силјановска-Давкова ја сметаме за недоследна.

Ако станам претседателка, јас ќе го почитувам Уставот, во Уставот сега е тоа име, но јас самата нема да го употребувам и (…) ќе барам решенија дома, надвор за да покажам дека е прекршено националното право и меѓународното право. Значи, јас нема, стопати сум рекла, да бидам талибанка, туку ќе бидам претседателка која ќе ги почитува Уставот и законите додека не се сменат.

[Извор: Гордана Силјановска-Давкова, ТВ дебата, датум: 25.04.2019]

Оваа изјава на Силјановска Давкова „Вистиномер“ ја веќе оценето овде.

Оваа изјава е веќе оценета како недоследна, при што покрај другите аргументи особено треба да се има предвид дека Силјановска-Давкова, доколку биде избрана за претседателка на Македонија, ќе треба да даде свечена изјава пред Собранието со која ќе се обврзе на почитување на Уставот и законите, како што тоа е предвидено во членот 81, став 7. Почитувањето на Уставот и законите предвидува и користење на уставното име на државата.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција