Утврдете ја вашата генерална идеолошка ориентација

Политичкиот спектар е тест кој овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат.

Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини.

  • Перцепцијата на себеси и другите
  • Економија
  • Социјална политика, образование, култура, медиуми
  • Лични права (општествени вредности, религија, секс)
  • Политички систем, ред и поредок

Прашањата ја утврдуваат генералната ориентација на лицето што се тестира по две основи: левица/десница и слободарство/авторитарност. Причината зошто е избран овој начин на утврдување на политичките ориентации е поради тоа што и кај левицата и кај десницата постојат слободарски и авторитарни политички ориентации. По одговарањето на сите прашања на тестот, ќе можете да видите во кој идеолошки сегмент припаѓате, во сегментот на слободарската левица, во авторитарната левица, во авторитарната десница или во слободарската десница.

При одговарањето на прашањата, може да се избере еден од понудените четири одговори:

  • Потполно се согласувам
  • Делумно се согласувам
  • Делумно не се согласувам
  • Воопшто не се согласувам

Секој од понудените одговори носи одредени поени кои ја придвижуваат точката на генералната идеолошка ориентација налево или надесно, односно нагоре или надолу по оските. Сите прашања не носат ист број поени, туку посуштинските носат повеќе, а помалку суштинските помалку поени. Не е предвиден одговор „не знам“, бидејќи многу често луѓето инклинираат да одговорат со „не знам“ од едноставна причина што тоа им е најлесна опција која им стои на располагање кога се соочуваат со ситуација да дадат одговор на прашање за кое претходно немаат размислено и формирано став. Бидејќи опцијата на одговор „не знам“ не е понудена, поединците ќе бидат поттикнати да размислат и да одберат опција според своите преференции.

Точката на својата генерална идеолошка ориентација лицата кои се тестираат ќе можат да ја видат по одговарањето на сите прашања на тестот.

Политичкиот спектар е направен врз основа на Политичкиот компас. При тоа, направен е обид како за подобрување на релевантноста на прашањата, така и за нивно прилагодување на приликите и спецификите на Република Македонија.

Започни го тест

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција