Вагонот од возот не носи „Ковид 19“

По „избувнувањето“ на заразата Ковид 19, предизвикана од популарно речено корона-вирус, многубројни теории на заговор кружеа низ социјалните мрежи ширум светот. Некои велат дека „вирусот бил создаден од човекот и намерно се раширил врз беспомошната популација“, некои рекоа „овој вирус започнал со тестирање кај некои луѓе, а потоа излегол надвор од контрола, станувајќи светска пандемија“. Примери на заговор не недостасуваат ниту кај нас. Една страница на „Фејсбук“ со наслов „вести“ сподели фотографија на која се гледа резервоар, идентификуван како носач COVID-19.

 

Пишува: Ајнур Бафќари 

Foto

 „Ова фотографија е направена во Канзас во Америка во септември 2019 година и нешто не е во ред“ – се вели во постот.

Фотографијата не е направена во септември 2019 година
Постот дека „наводно“ фотографијата е направена во септември минатата година отвара дилема дека овој вирус е однапред подготвен план. Нашиот тим веднаш потврди преку TinEye, (што можете да го направите секогаш кога сте во дилема со некоја фотографија) дека фотографијата е понова.

Оваа фотографија за прв пат беше објавена на социјалните медиуми во март оваа година, веднаш отфрлајќи ги дилемите што ги отвори страницата.

Од едноставен пост, до вирална фотографија!

Првиот пост со оваа фотографија беше објавен на социјалните мрежи кон средината на март оваа година, во кој се тврди дека се прикажува железнички резервоар по име COVID-19 како носи товар на вирус што предизвикува болест. Фотографијата е објавена од профилот по име Карен Колинс, за кој се вели дека е земена од Лери Колинс, прашувајќи што навистина се случува.

Линк до Фотографијата 

“Stolen from Larry Collins What’s really going on? Better wake up America.”

Stolen from Larry Collins
What’s really going on?
Better wake up America.

 Вагоните во САД се именувани содве до четири букви, проследени со шестцифрен број

Во САД, железничките вагони носат знаци за известување определени од Американското здружение на железници, кои се состојат од две до четири букви, проследени со голем број до шест цифри и означуваат сопственост на транспортното средство, како што е прикажано на следниве примери:

Линк до фотографијата

.
.
.

 

 

 

 

 

Јасно е дека COVID-19 не е ознака што одговара на која било легитимна ознака за известување, ниту за која било друга стандардна форма на обележување или идентификација што некој би очекувал да ја најде во железнички резервоар.

И, се разбира, ако некој (да речеме) бил ангажиран во намерно ширењевирус што предизвикува болести, би го чувал во специјални контејнери спакувани во необележани ковчези и натоварени во обични кутии, без да го транспортираат преку јасно етикетирани резервоари.

„Ковид 19“ не може да се транспортира со транспортно средство

За да биде уште појасно, резервоарот означен COVID-19 воопшто нема смисла. COVID-19 не е термин што идентификува вирус или кое било друго физичкo средство што може да се транспортира. COVID-19 е име на болеста предизвикана од посебен корона-вирус, стручно именуван како SARS-Cov-2, така што резервоарот обележан дека носи COVID-19  во манипулативниот пост е исто како да видите фотка со вагон на кој пишува Diabetes mellitus  и да тврдите дека во вагонот има дијабетис со кој некој планира да нè зарази.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција