Вака се полудувале момчињата по скопските дискотеки? Можеби, ако скопските дискотеки се преселат во Берлин!

21-098765-098-crop-resize

[Рецензија на вест со наслов: ФОТО: Е вака се полудуваат момчињата по скопските дискотеки]

Невистина и измама – ете тоа претставува овој материјал за кој навистина е срамно да се каже дека е новинарство. Во него нема, ама баш ништо што може да се окаракатеризира како кредибилен аспект. Негов единствен сегмент што не е лажен, е сензационализмот. Тоа не е доволно да се исполни ниту „м“ од минималните критериуми. 

2Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Е вака се полудуваат момчињата по скопските дискотеки

Датум и време на објавување: 01.11.2014

Датум на рецензирање: 06.11.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

Имаме работа со една фотовест, без ниту една буква од текст, која треба да ни го покаже „гламурот“ на скопскиот ноќен живот и „понудата“ по скопските дискотеки. Сè e тоа убаво, ставена е галерија од една атрактивна, оскудно облечена девојка, искористен е бомбастичен, сензационалистички наслов и, оп, ете ти илјадници кликнувања. Арно ама, проблемот е во тоа што станува збор за личност која нема каква било врска со Македонија, а нејзината фотосесија уште помалку со Скопје. Поточно, станува збор за, како што покажува „гугл срч“ (Google Search), германска пејачка, ди-џејка и гола презентерка или, со други зборови, некаква си старлета која своето тело го покажувала, не како што ни вели домашнава ни веб-страница во Скопје, туку во Берлин. Значи, целосна манипулација и невистина, која нема каква било врска со реалноста. Сè поминува, па и вакви „шлајмови“ од информации и т.н. вести, сè за што е можно повеќе кликнувања и „лајкови“.

Micaela Schaefer  KJ Fragrance Launch  10 GotCeleb-screenshot2Мислам дека вулгарноста во информативната, но и забавната сфера овде кај нас се надмина себеси и човек само што ќе помисли дека полошо не може да биде, ете, се појавуваат вакви мутирани нус-производи во споредба со кои дури и Франкенштајн би изгледал нормално. Имам само еден збор: резил!

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција