Вакцинацијата против ковид не беше „тест за послушност“, туку заштита од вирусот
Не е точно објавеното дека „затворањето на светот и маските, вакцините за мали деца и бремени жени биле тест за послушност а не за заштита“ и дека тоа се „докажувало“ од сегашниот статус на ковид вакцинацијата, таа да биде по избор.
Не е точно објавеното дека „затворањето на светот и маските, вакцините за мали деца и бремени жени биле тест за послушност, а не за заштита“ и дека тоа се „докажувало“ од сегашниот статус на ковид вакцинацијата, таа да биде по избор. Малите деца и бремените жени во екот на пандемијата, според препораките на здравствените власти и регулаторни здравствени авторитети, беа во ризик и опасност од ковид-19, развивање компликации и тешка форма на болеста, што со вакцинацијата на глобално ниво се промени, бидејќи пандемијата беше победена
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Сега, ковид ФАКцината е по избор… Уште еден доказ дека затворањето на светот, маски, ФАКцини дури и за мали деца и бремени жени НЕ БЕШЕ за заштита од нај, нај опасниот вирус , туку тест за послушноста на РАЈАТА.
Во склоп на објавата се споделува текст во кој се тврди дека „американскиот Центар за контрола и превенција на болести одлучил вакцинацијата против ковид -19 сега да се одвива индивидуално, односно откако секој човек индивидуално ќе земе предвид различни фактори“.
Не е точно објавеното дека „затворањето на светот и маските вакцините за мали деца и бремени жени биле тест за послушност а не за заштита“ и дека тоа се „докажувало“ од сегашниот статус на ковид вакцинацијата, таа да биде по избор.
Имено, она коешто се промени е препораката од Центарот за контрола и превенција на болести на САД од 2022 година за постојани бустер дози за ковид-19. Образложението коешто е наведено на страницата на Центарот на 6 октомври 2025 година е тоа дека „главната препорака од 2022 година за постојаните бустер-дози за ковид-19 ги одврати давателите на здравствени услуги да зборуваат за ризиците и придобивките од вакцинацијата за секој пациент или родител и тоа се менува денес“.
На сајтот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД пишува дека за разлика од примарната серија вакцинација против ковид-19, којашто беше пионерска и достигна околу 85 проценти покриеност од возрасната популација на САД (преку операцијата Warp Speed), само 23 проценти од возрасните ја следеле најновата препорака за сезонски бустер вакцинации на Центарот за контрола и превенција на болести според Националното истражување за имунизација.
Вакцинацијата со бустер дози предизвикаа широко распространети загрижености за односот меѓу придобивките и ризиците за нивната безбедност и ефикасност, бидејќи вирусот ковид-19 стана ендемски по имунитетот стекнат кај целото население за време на пандемијата и операцијата Warp Speed, се наведува во соопштението од Центарот за контрола и превенција на болести во САД од 6 октомври 2025.
Во него се препорачува дека соодносот меѓу придобивките и ризиците од вакцинацијата кај луѓе помлади од 65 години е најповолен за тие што имаат повисок ризик да развијат тешка форма на ковид-19 и најмал за луѓето што не се во таков ризик (според ризик-факторите наведени на листата на CDC).
Тоа значи дека клиничката одлука за вакцинирање треба да се базира на карактеристиките на пациентот, кои освен возраста вклучуваат фактори на ризик за основната болест, како и карактеристиките на вакцината и најдобрите достапни докази за тоа кој може да има корист од вакцинацијата, се наведува во соопштението на Центарот за контрола и превенција од болести на САД.
Меѓутоа, неточно е наведеното во објавата дека фактот што сега има ваква препорака од ЦДЦ, било „доказ дека вакцините за бремени жени и деца не било за заштита од опасниот вирус, туку тест за послушност на рајата“. Во тоа време, кога вакцинацијата беше широко препорачувана и кампањата за вакцинација беше на исклучително високо ниво, не постоеше колективен имунитет, а ковид вирусот предизвикуваше тешки форми на болест и смрт особено кај луѓето со пропратни болести и коморбидитети. После вакциналната кампања, односно откако вакцината против ковид-19 во светот ја примија милиони луѓе, тоа заедно со имунитетот стекнат од прележување како и менувањето на варијантите во помалку опасни, предизвика пандемијата да се смири. Но, не е точно дека самата вакцинација била тест за послушност на рајата и не била мотивирана од заштита на здравјето на луѓето.
Малите деца и бремените жени во дадениот момент, според препораките на здравствените власти и регулаторни здравствени авторитети, беа во ризик и опасност од ковид-19, развивање компликации и тешка форма на болеста, што со вакцинацијата на глобално ниво се промени, бидејќи пандемијата беше победена.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар