Вакцината на „Фајзер“ за деца под 16 години е регистрирана во Србија во 2021 година

Фото: commons.wikimedia.org

Документот што се споделува во текстот на „Коловрт“ е од декември 2020 година кога фајзеровата вакцина не се администрираше на деца под 16 години никаде во светот, затоа што уште не беа завршени клиничките тестирања за таа возрасна група. Тој документ во текстот не се однесува на деца, туку на лица над 18 години за кои беше издадена дозволата. Откако подоцна во 2021 година се завршени клиничките тестирања и за децата под 16 години, формалните процедури за регистрација се комплетирани во сите држави каде се администрира вакцината на „Фајзер“, вклучително и во Србија.

Документот што се споделува во текстот на „Коловрт“ е од декември 2020 година кога фајзеровата вакцина не се администрираше на деца под 16 години никаде во светот, затоа што уште не беа завршени клиничките тестирања за таа возрасна група. Тој документ во текстот не се однесува на деца, туку на лица над 18 години за кои беше издадена дозволата. Откако подоцна во 2021 година се завршени клиничките тестирања и за децата под 16 години, формалните процедури за регистрација се комплетирани во сите држави каде се администрира вакцината на „Фајзер“, вклучително и во Србија

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува текст од сајтот „Коловрт“ кој се осврнува на тоа дека вакцината на „Фајзер“ позната и како „комирнати“, наводно во 2021 година не била регистрирана во Србија што, според неименуваниот автор на текстот, „претставува доказ дека таа не смеела да се администрира на деца помлади од 16 години“.

За да го поткрепи ваквото тврдење, дека „вакцината на „Фајзер“ против ковид-19 не би смеела да биде администрирана во Србија за помлади лица од 16 години“, текстот се повикува на извесно здружение на граѓани „Право на избор“ кое до Медицинскиот факултет во Белград испратило барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Прашањето кое здруженнието на граѓани „Право на избор“ го поставило, а на кое одговорил деканот на факултетот, било „Дали Медицинскиот факултет во Белград има докази дека во Србија во 2021 година имало регистрирана таканаречена вакцина за ковид-19 за деца под 16 години“?

На тоа деканот претставувајќи го Медицинскиот факултет во Белград, одговорил дека:

Наставниците, соработниците и другите вработени на факултетот, учениците кои посетуваат настава таму како и пациентите кои се лекуваат во наставните бази на Медицинскиот факултет можеа да откријат дека од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година, имало вакцина за ковид-19 за деца под 16 години регистрирана во Србија.

Но, во текстот се тврди дека одговорот од Медицинскиот факултет во Белград, во кој стои дека вакцината на „Фајзер“ била регистрирана во Србија за деца под 16 години во 2021 година е неточен, односно дека тоа не било така. За да го поткрепи тврдењето дека вакцината не била регистрирана во Србија во 2021 година со намена да се имунизираат помлади од 16 години, текстот се повикува на документи од АЛИМС (Агенција за лекови и медицински средства на Србија) и се вели:

Имунизационото средство на „Фајзер“ е привремено регистрирано во декември 2020 година, со дозвола од една година исклучиво за оние над 16 години.

На крајот од текстот се наведува и дека пензионираниот српски епидемиолог Зоран Радовановиќ, не се согласил со тврдењето на здружението на граѓаните за наводната „нерегистрираност на вакцината на „Фајзер“ за помлади од 16 години во 2021 година во Србија“. За него е изнесена квалификација дека „се ставил во одбрана на големата фармако индустрија“, како и „дека нервозно реагирал заштитувајќи го деканот на Медицинскиот факултет убедувајќи ја јавноста дека генската терапија на „Фајзер“ е регистрирана во Србија во 2021 годинна и за деца под 16 години“.

Текст на „Би Би Си“ од 15 јули 2021 година, пак, известува дека единствената вакцина одобрена за деца во Србија е онаа на „Фајзер“ и тоа за постари од 12 години со задолжително одбрение од родител и препорака од педијатар. Тогаш, од главниот здравствен дом во Ниш, за „Би Би Си“ рекле дека заклучно со 14 јули во Ниш вакцинирани биле 500 деца од кои само 27 помлади од 16 години.

Пред тоа, на 11 јуни 2021 година, Радио Телевизија Србија извести дека Агенцијата за лекови на Србија (АЛИМС)  потврдила дека се исполнети сите законски услови и стручни критериуми за безбедноста и ефикасноста на вакцината на „Фајзер“, па така таа може да почне да се администрира во Србија кај деца на возраст од 12 до 16 години. Во текстот од 11 јуни 2021 година, се додава дека експертите на Агенцијата од почетокот на поднесувањето на барање со комплетната документација, ригорозно ги контролирале сите научни податоци од клиничките испитувања кои „Фајзер“ ги спровел во други земји. Пред вонредниот состанок на Агенцијата, еминентни стручни лица од областа на фармацијата и медицината ги провериле сите материјали.

После позитивното мислење од страна на Комисијата за хумани лекови, АЛИМС ја одобри примената на вакцината комирнати против ковид-19 од производителот „Фајзер“ за возраст од 12 до 15 години, стои во соопштението од Агенцијата пренесено од РТС на 11 јуни 2021 година.

Дополнителен доказ дека вакцината на „Фајзер“ во 2021 година била регистрирана за помлади од 16 години во Србија е и ова соопштеие од „Фајзер“ објавено на официјалната страница на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија на 19 јули 2021 година.

Иако тоа соопштение примарно се однесува на здравствените работници во Србија кои се информираат за ретки несакани ефекти од вакцината на „Фајзер“ односно случаи на миокардитис и перикардитис, во него се наведува експлицитно дека фајзеровата вакцина во Србија има дозвола за постари од 12 години.

Во соопштението од 19 јули 2021 година  пишува:

Допоолнителни информации: Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија (АЛИМС) издаде условна дозвола за вакцината Комирнати (мРНК вакцината против ковид 19). Вакцината комирнати е индицирана за активна имунизација со цел превенција на болеста ковид-19 предизвикана од вирусот Сарс Ков 2 кај лица постари од 12 години.

Од тоа произлегува дека уште пред 19 јули 2021 година за вакцината на „Фајзер“ во Србија веќе имало дозвола за вакцинирање деца од 12 до 16 години .

На 7 јуни 2021 Националната Агенција за лекови и медицински средства на Србија примила барање од „Фајзер“ за одобрение за користење на вакцините против ковид 19 и кај деца од 12 до 15 години.

Во Службен весник на Србија има и Уредба за тоа како се издава привремена дозвола за вакцина против ковид-19.

Дозволата која е цитирана во текстот на „Коловрт“ и врз основа на која се тврди дека не е за деца под 16 години, е издадена на 29.12.2020 година, половина година пред воопшто да биде регистрирана и одобрена вакцината и за децата од 12 до 16 години. Во тоа време, „Фајзер“ воопшто немаше аплицирано во Србија за одобрение за користење на вакцините против ковид-19 за деца од 12 до 16 години и тие тогаш (до јуни 2021 година) не им се администрираа на лица од 12 до 16 години во Србија.

Вакцината на „Фајзер“ е целосно одобрена за деца од 12 до 15 години во САД од страна на американската Агенција за храна и лекови.

Пред тоа имаше дозвола за привремена употреба (emergency use authorisation) за деца од 12 до 15 години, која ја доби во мај 2021 година базирано на првичнит податоци од третата фаза на клиничко тестирање.

Документот што се споделува во текстот на „Коловрт“ е од декември 2020 година кога фајзеровата вакцина не се администрираше на деца под 16 години никаде во светот затоа што уште не беа завршени клиничките тестирања за таа возрасна група. Тој документ во текстот не се однесува на деца, туку на лица над 18 години за кои беше издадена дозволата. Откако подоцна во 2021 година се завршени клиничките тестирања и за децата под 16 години, формалните процедури за регистрација се комплетирани во сите држави каде се администрира вакцината на „Фајзер“, вклучително и во Србија.

Поради сите горенаведени факти постот што  го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција