Вакцината против „Ковид-19“ е безбедна, таканаречените „скандалозни“ несакани ефекти се нормални

На социјалните мрежи се шири една непотврдена „порака” во која се тврди дека група на ученици по примање на првата доза од вакцината против Ковид-19 имале необични несакани ефекти како крварење од очите, предвремен менструален циклус и така натаму. На оваа тема разговаравме со лекарот Пајтим Асани кој рече дека досега не се пријавени никакви несакани ефекти по примање на вакцината од страна на млади луѓе. За Порталб.мк тој подетално ги објасни можните несакани ефекти на вакцината против Ковид-19

На социјалните мрежи се шири една непотврдена „порака во која се тврди дека група на ученици по примање на првата доза од вакцината против Ковид-19 имале необични несакани ефекти како крварење од очите, предвремен менструален циклус и така натаму. На оваа тема разговаравме со лекарот Пајтим Асани кој рече дека досега не се пријавени никакви несакани ефекти по примање на вакцината од страна на млади луѓе. За Порталб.мк тој подетално ги објасни можните несакани ефекти на вакцината против Ковид-19.

Група луѓе кои сакаат да се нарекуваат „Анти-Ваксери“ (кои се против вакцинацијата) на социјалните мрежи постојано шират разни конспиративни теории и дезинформации. Целта на горенаведените лица или групи е да го ослабнат процесот на имунизација на населението и да ја убедат масата дека вакцините против коронавирусот не се здрави и дека позади целиот тој процес постои една тајна и штетна агенда

 

Во конкретниот случај, споделена е една фотографија на која се гледа порака за која се тврди дека ја напишала наставничка загрижена за несаканите ефекти од вакцините кај учениците, но на неа нема име и презиме на авторот, и во овој случај нејзин автор може да биде било кој.

Првично, оваа фотографија беше споделена пред 3 недели на  “Pinterest” и “ifunny” од една страница наречена “skcizm”, од која  постојано се шират конспиративни и опасни теории  и која ја следат голем број на луѓе.

 

„skcizm” страна полна со конспиративни теории

Во пораката за која се тврди дека е испратена од наставничка, крварењето од очите, носот и предвремената менструација се само некои од несаканите ефекти што, според оваа објава, се појавиле кај стотици ученици.

Сакам да споделам нешто со вас, за мене денес беше многу тежок ден на училиште, јас сум наставник и минатиот петок многумина основци ја примија првата доза на вакцината – денес е понеделник, поминале само неколку денови, голем број ученици пријавиле различни ефекти како што се крварење од носот, главоболки, тројца ученици се онесвестиле, додека пак некои девојчиња почнале да крварат – мојата ќерка беше многу вознемирена и е осмо одделение, видела двајца ученици како крварат од очите, стои во рецензираната порака.

Честопати, дури и нормалните несакани ефекти на вакцините против Ковид-19 се шират како „табу“ и „скандалозни“ информации и сето тоа има за цел да ги заплаши граѓаните и тие да одбијат да го примат единственото средство за спречување на корона вирусот – вакцината.

На оваа тема разговаравме со др. Пајтим Асани, според кој досега не се пријавени групни несакани ефекти како резултат на примање на вакцината против Ковид-19, како во Македонија, така и во светот. Тој додаде дека несаканите ефекти на овие вакцини се скоро исти со оние на другите вакцини.

До сега не  се пријавени несакани групни ефекти настанати по вакцинирањето на младите во средните училишта. Вообичаените несакани ефекти на вакцините против Ковид-19 се скоро исти со оние на другите вакцини, рече Пајтим Асани, лекар.

 

Кои се препораките на СЗО и нејзините научници

Според СЗО, вакцинирањето е сигурно и несаканите ефекти од вакцината, како болка во рамото или блага треска, се минорни и краткотрајни. Можни се и посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки.

Пред да биде одобрена за употреба, секоја лиценцирана вакцина е строго тестирана во сите фази на тестирање. Исто така, научниците постојано ги следат информациите од бројни извори за било какви знаци дека одредена вакцина може да претставува ризик по здравјето.

Не заборавајте, веројатноста од сериозни последици од болест што може да се спречи со вакцина е далеку поголема отколку од самата вакцина. На пример, тетанусот може да предизвика екстремна болка, грчеви во мускулите (блокада на зглобовите) и згрутчување на крвта, сипаниците може да предизвикаат енцефалитис (мозочна инфекција) и слепило. Многу болести кои што можат да се спречат со вакцини, можат да резултираат со смрт. Придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците и без вакцини ќе имаме многу повеќе болести и смртни случаи, велат од СЗО.

Сепак, сите оние кои имаат дилеми во врска со вакцините, може да истражат повеќе на веб-страницата на СЗО, каде што може да се најдат одговори на скоро сите дилеми за проблемот со вакцините и дека истите се безбедни и ефикасни.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција