Вакцината против ковид-19 и канцерот немаат меѓусебна корелација

Фото: pixabay.com

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онколозите нотираат  дека изложувањето на канцерогени состојки, може да потрае и години и децении за да ги создаде туморите кои во постот ги споменува патологот од Ајдахо Рајан Кол. На сајтот на Американското друштво против канцер пишува дека не постојат информации кои сугерираат дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат канцер, како ни информации кои сугерираат дека вакцините може да предизвикаат канцерот да се прошири или да се врати

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онколозите нотираат  дека изложувањето на канцерогени состојки, може да потрае и години и децении за да ги создаде туморите кои во постот ги споменува патологот од Ајдахо Рајан Кол. На сајтот на Американското друштво против канцер пишува дека не постојат информации кои сугерираат дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат канцер, како ни информации кои сугерираат дека вакцините може да предизвикаат канцерот да се прошири или да се врати

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека ракот експлодира кај пациенти после вакцинацијата против ковид-19. Потоа се цитира доктор Ангус Далглиш, професор по онкологија на Универзитетот во Св. Џорџ во Лондон, во писмо кое го напишал до Британскиот медицински журнал.

Како практичен онколог гледам луѓе со стабилна болест брзо напредуваат откако беа принудени да се вакцинираат, обично за да можат да патуваат. Дури и во моите лични контакти гледам болест базирана на Б-клетки по вакцинацијата. Тие опишуваат дека биле екстремно болни неколку дена до недели по вакцинацијата – еден разви леукемија, двајца колеги од работа развиле не-Хочкинов лимфом и еден стар пријател кој се чувствувал како да има долг Ковид, откако ја примил вакцината и кој, по кога разви силна болка во коските, му беа дијагностицирани повеќе метастази од ретко нарушување на Б-клетките.

Тој потоа тврди и дека се зголемила стапката на ракот на дојка, дебело црево, хранопроводник, бубрези, црн дроб и панкреас ширум светот. На крајот од постот, се цитира доктор Рајан Кол кој пријавил значително зголемување на случаите на рак во неговата лабораторија во Боис, Ајдахо.

Тој добил податоци од онколог кои покажуваат дека вакцините со mRNA го нарушуваат имунолошкиот систем. Тој во едно интервју рече дека лекарите известуваат дека „тие ги виделе најчудните видови на рак, и карциноми кои сме биле во можност да ги контролираме и лекуваме, кои растат како шумски пожар – одат во фаза 2, фаза 3, фаза 4, се тврди во постот што го рецензираме.

Оваа изјава на доктор Рајан Кол од Ајдахо, во која тој тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат канцер, проверувачите на факти на Франс Прес, ја оценуваат како невистинита. Тие пишуваат дека здравствените власти ширум светот велат дека бенефитите од вакцините против ковид-19 ги надминуваат ризиците, сепак, патологот од Ајдахо Рајан Кол, во серија интервјуа тврди дека вакцините против ковид се поврзани со раст на стапката на канцер. Но, според медицински експерти и според водечка болница за лекување од канцер  оваа негова изјава која е пренесена и во постот што го рецензираме, е невистинита,
Докторот Кол, според проверката на факти на Франс прес, има голем број на жалби, меѓу кои и една од медицинската комисија во Вашингтон, каде двајца пациенти се пожалиле дека погрешно ги дијагностицирал со канцер.

Против Кол има и поплаки кон државната комисија за медицина на Ајдахо.

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата.

Џон Свитенхам, директор за клинички работи на Универзитетот во Тексас, во центарот за канцер, вели дека во 2021 година има извештаи кои покажуваат раст во новите дијагнози за канцер, стапката е од 5 до 15 проценти.

Не сум видел податоци кои сугерираат раст на стапката од 300 проценти и нема докази дека растот во дијагнозите со канцер е некако поврзан со ковид вакцинацијата. Овој раст е поради тоа што многу луѓе го одложуваа скринингот за канцер или одредувањето на причините за симптомите поради тоа што се плашеа да посетат здравствени установи во екот на пандемијата, изјави Свитенхам за Франс прес на 6 декември 2022 година.

Наспроти изнесеното во постот, нема докази дека зголемената стапка на канцер во светот е поврзана со вакцинацијата. Напротив, вакцинацијата е препорачана за пациентите со канцер,

Во пост на Инстаграм, епидемиологот Катрин Валас исто така посочи дека причината за растот на канцерот е тоа што скрининзите за канцер во пандемијата биле прекинати.

Според најпроминентниот центар за третирање на пациенти со канцер во Њујорк Сити, Memorial Sloan Kettering Cancer Center, тврдењето дека вакцините против ковид-19 може да предизвикаат канцер се мит.

Ниту една од вакцините нема интеракција и не го менува ДНК на човекот на ниеден начин и затоа не може да предизвика канцер, пишува на веб-страницата на оваа институција.

Како што наведуваат проверувачите на факти на Франс Прес, докторот од Канада Џонатан Лакстон, вели дека доктор Кол референцира само студии кои го проучуваат спајк протеинот на самиот коронавирус, а не спајк протеинот генериран преку вакцинацијата!

Лекстон исто така вели дека тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онкологот Давид Горски нотира  дека изложувањето на канцерогени состојки, може да потрае и години и децении за да ги создаде туморите кои ги споменува Кол.

Канцерот не е поврзан со вакцините против ковид-19 и Рајан Кол не ја кажува вистината, вели Лекстон.

Големи студии покажаа дека пациентите со канцер имаат висок ризик за компликации од ковид-19.

Центарот за грижа за пациенти со канцер во Онтарио препорачува пациентите со канцер да ги примат сите дози вакцина против ковид-19 што побрзо можат. Слична препорака има и во САД. 

На сајтот на Американското друштво против канцер пишува дека не постојат информации кои сугерираат дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат канцер, како ни информации кои сугерираат дека вакцините може да предизвикаат канцерот да се прошири или да се врати.

Во врска со тврдењето во постот што го рецензираме дека во неколку случаи кои се лични контакти на доктор Ангус Далглеиш, имало болест по вакцинацијата, во еден случај леукемија, во друг случај лимфом, како и метастази, сепак не се покажува никаква корелација меѓу тие три дијагнози и вакцинацијата.

Вистиномер и претходно има пишувано дека вакцините против ковид-19 не предизвикуваат канцер. На следниот линк имаме објавено и рецензија за тоа дека спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер.

Доктор Мајкл Имперале, професор на одделот за микробиологија и имунологија на Универзитетот во Мичиген вели дека тврдењето дека ковид вакцините може да предизвикаат канцер е невистинито.

Ниедна состојка во вакцините не предизвикува канцер и нема докази за да се поврзе канцерот со вакцинацијата, изјави тој.

Доктор Марк Шломчик, претседател на одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медиицна, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се невистинити.

Нема практичен начин, вакцината да предизвика рак. Ниедна вакцина која било кога сме ја проучувале или е користена за да се превенира инфекција, било кога била поврзана со канцер, вели тој.

Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за ден или два.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција