Вакцинираните и невакцинираните немаат исти последици од коронавирусот

Фото: Принтскрин видео

Водечкиот американски епидемиолог Фаучи, постојано повикува на вакцинација, уверувајќи ги граѓаните за безбедноста и ефикасноста на вакцините. Фаучи никогаш не кажал „џабе боскање“, напротив тврди дека вакцините штитат. Очигледно е дека авторот на постот манипулира и шири дезинфорации

Водечкиот американски епидемиолог Фаучи, постојано повикува на вакцинација, уверувајќи ги граѓаните за безбедноста и ефикасноста на вакцините. Фаучи никогаш не кажал „џабе боскање“, напротив тврди дека вакцините штитат. Очигледно е дека авторот на постот манипулира и шири дезинфорации

 

 

Објава на фејсбук повикува антиваксерство и ја манипулира јавноста дека и вакцинираните и невакцинираните лица имаат исто ниво на заразност.

Во постот пишува:

Најново истражување од СЗО.

Вакцинираните кој се заразени со делта сојот имаат исто ниво на заразеност како и НЕвакцинираните – Фаучи.

Со други зборој – Џабе боцкање…

Повикувајќи се, но и споделувајќи изјава на д-р Фаучи, којашто е извадена од контекст авторот заклучува: „Џабе боцкање“. Што е апсолутно неточно.

Водечкиот американски епидемиолог Фаучи, постојано повикува на вакцинација, уверувајќи ги граѓаните за безбедноста и ефикасноста на вакцините.

САД се движат во погрешна насока во пандемијата на коронавирусот, бидејќи заразата се шири меѓу невакцинираните. Делта сојот придонесува за голем број заразени во областите со ниско ниво на имунизација и додаде дека здравствените власти размислуваат да ја вратат мерката за носење маска и за вакцинираните, предупреди водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи.

Имено последната изјава  водечкиот американски епидемиолог  во неделата (1. aвгуст 2021) рече дека земјата се соочува со „болка и страдање“ со зголемената делта варијанта на коронавирусот.

Д -р Ентони Фаучи, врвен медицински советник на претседателот eо Бајден, изјави за емисијата „Оваа недела“ на АБЦ, „Работите ќе се влошат“ и ги обвини милиони луѓе кои не се вакцинирани против вирусот.

Фаучи, кој речиси секојдневно ги поттикнува Американците да се вакцинираат, вели:

Вие се заштитувате од сериозно заболување и можеби умирање. Невакцинираните дозволуваат ширење на вирусот .

Впрочем Фаучи никогаш не кажал „џабе боскање“, напротив тврди дека вакцините штитат. Очигледно е дека авторот на постот манипулира и шири дезинфорации. Факт е дека бројот на заразени вакцинирани е драматично помал од бројот на заразени невакцинирани.

Што е уште поважно, оние кои се вакцинирани не развиваат тешка клиничка слика и мал е процентот на хоспитализации, а уште помала смртноста.

ЦДЦ минатата недела процени дека невакцинираните лица претставуваат околу 97 отсто од хоспитализираните случаи на ковид-19 во САД. Вакцините седумкратно го намалуваат ризикот од симптоматска инфекција на Делта.

ЦДЦ во мај рече дека на вакцинираните луѓе не им се потребни маски, препорака која делумно се заснова на податоци што укажуваат дека вакцинираните луѓе имале помала веројатност да го пренесат вирусот на другите. Но, варијантата делта – сега доминантен вид во САД – се однесува поинаку од претходните верзии на вирусот.

Информациите за варијантата Делта од повеќе држави и други земји покажуваат дека, во ретки прилики, некои вакцинирани лица заразени со варијанта делта по вакцинирањето може да бидат заразни и да го шират вирусот на други, рече директорката на ЦДЦ, Рашел Валенски.

Поради гореизнесените аргументи, постот го оценуваме како дезинформација.

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција