Вакцините им се потребни на бебињата

Вакцинација против детска парализа во засолништето на UNRWA во Газа Фото: Mohammed Hinnawi, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Проблемот со тврдењето во објавата што ја рецензираме е што користи погрешна логика – „ако не е природно, значи е непотребно“. Но, ова не важи никаде во медицината, инженерството, ниту во модерниот живот.

Проблемот со тврдењето во објавата што ја рецензираме е што користи погрешна логика – „ако не е природно, значи е непотребно“. Но, ова не важи никаде во медицината, инженерството, ниту во модерниот живот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Бебињата не се раѓаат со недостаток на вакцини!

Во објавата се пропушта контекстот. Тоа што бебињата не се раѓаат со недостаток на вакцини, не значи дека вакцините подоцна во животот не им се потребни.

Точно е дека бебињата не се раѓаат со недостаток на вакцини, исто како што не се раѓаат со недостаток на сигурносни појаси, чиста вода или антибиотици. Вакцините не се природно биолошко барање, тие се алатки создадени за да спречат болести со кои имунолошкиот систем не може секогаш успешно да се справи. Значи фразата е технички точна, но создава неточна импликација дека вакцините не се потребни затоа што не се природно присутни при раѓањето.

Новороденчињата доаѓаат на свет со имунолошки систем кој е незрел и неискусен, привремено поддржан од мајчините антитела (кои исчезнуваат за неколку месеци), неспособен да се бори со многу патогени доволно ефикасно. Затоа некогаш бебињата честопати умирале од инфекции како мали сипаници, дифтерија, пертусис и пневмококни заболувања. Вакцините постојат не затоа што на бебињата „им недостасува нешто“, туку затоа што на нивниот имунолошки систем му треба обука и заштита токму кога се најранливи.

Многу опасни болести немаат безбеден природен пат до стекнување имунитет. Малите сипаници, полио, тетанус може да предизвикаат оштетување на мозокот, парализа, глувост и смрт. Вакцините овозможуваат имунитет без да се ризикуваат последици од самата болест.

Имунизацијата исто така наречена вакцинација, е важен начин да се заштити здравјето на новороденчето. Вакцинацијата може да превенира повеќе од 10 сериозни болести. Пропуштањето на вакцинацијата може да значи ставање на децата во ризик од сериозни а некогаш фатални болести, наведено е на NICHD, реномирана здравствена институција.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД има објавено листа на болести што може да се превенираат со вакцини.

Според УНИЦЕФ, вакцините му помагаат на имунолошкиот систем да се бори против инфекции поефикасно преку поттикнување на имунолошкиот одговор.

Вакцините ќе му помогнат на вашето дете против болести што може да предизвикаат сериозна штета или смрт, особено кај луѓе со имунолошки систем во развој како доенчињата. Важно е да го вакцинирате вашето дете. Ако не го сторите тоа, високозаразни болести како сипаници, дифтерија и полио кои одреден период беа искоренети во многу држави, ќе се вратат, пишува на сајтот на Уницеф.

Проблемот со тврдењето во објавата што ја рецензираме е што користи погрешна логика – „ако не е природно, значи е непотребно“. Но, ова не важи никаде во медицината, инженерството ниту во модерниот живот. Истото ја искривува логиката за вакцините, ја минимизира ранливоста на бебињата, создава лажна сигурност. Тоа е исто како да кажеш „бебињата не се раѓаат со недостаток на заштита од пожар“, па зошто да ставаме противпожарни аларми. На ваков начин се игнорира концептот на превенција.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција