Податоците од клиничките тестирања и вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер, според експертите за здравство. Вакцините против ковид-19 не се поврзани со пораст на рак или поагресивен карцином. Истражувачите ги разгледаа големите групи на луѓе кои примиле вакцина против ковид-19 и нема докази за поддршка на овој мит, се наведува на страницата на „Мајо клиниката“
Податоците од клиничките тестирања и вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер, според експертите за здравство. Вакцините против ковид-19 не се поврзани со пораст на рак или поагресивен карцином. Истражувачите ги разгледаа големите групи на луѓе кои примиле вакцина против ковид-19 и нема докази за поддршка на овој мит, се наведува на страницата на „Мајо клиниката“
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:
Фајзeр вели дека ќе се „борат против ракот“ во нивната реклама за Supеr Bоwl по ГОДИНИ труење луѓе со „Експериментална вaкцина против Кoвид“ што предизвика рак. УАПСЕТЕ ГИ.
Видеоматеријалот е рекламен и објавен и на Јутјуб каналот на „Фајзер“. Во него се посочува дека фармацевтската компанија до 2030 година ќе се бори за 8 нови изуми во полето на карциномот.
Не е вистина наведеното во објавата дека вакцината на Фајзер против ковид предизвикувала рак.
Досега не се пријавени знаци на мутација на ДНК или рак предизвикан од вакцината ковид-19 за вакцината Pfizer-BioNTech COVID-19. Ова ги побива тврдењата искажани на 12 септември 2023 година за време на сесијата за слушање за подготвеност за пандемија, организирана од медицинските работи на Сенатот. За време на седницата, Комитетот слушна забелешки кои се однесуваат на вакцината против РНК (mRNA) на Pfizer-BioNTech, погрешно наведувајќи дека вакцината потенцијално може да влијае на ДНК на една личност и да претставува теоретски ризик од рак. Нема докази за поддршка на овие тврдења, наведува „Фајзер“ на својата официјална страница.
На страницата на Институтот Слоун за борба против ракот на прашањето дали ковид вакцината може да предизвика рак, одговорот е негативен.
Не. Ниту една од вакцините не е во интеракција или не ја менува вашата ДНК на кој било начин. Тие не можат да предизвикаат рак. Не постои вистина во митот дека на некој начин вакцината против ковид-19 би можела да ги деактивира гените што ги потиснуваат туморите.
МРНК вакцините користат мало парче од генетскиот код на вирусот за да го научат вашиот имунолошки систем како да направи протеин што ќе предизвика имунолошки одговор доколку се заразите. мРНК не влегува во јадрото на клетката (делот што ја содржи вашата ДНК), пишува на страницата.
И Националниот институт за рак и Американското здружение за рак изјавија дека нема информации што сугерираат дека вакцините за ковид-19 предизвикуваат рак, го прават поагресивен или доведуваат до повторување на ракот.
На страницата на „Мајо клиниката“ се наведува дека вакцините против ковид-19 не предизвикуваат рак и не го отежнуваат лекувањето на ракот.
Вакцините против ковид-19 не се поврзани со пораст на рак или поагресивен карцином. Истражувачите ги разгледаа големите групи на луѓе кои примиле вакцина против ковид-19 и нема докази за поддршка на овој мит, се наведува на страницата на „Мајо клиниката“.
Доктор Марк Шломчик, претседател на одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медицна, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се невистинити.
Нема практичен начин, вакцината да предизвика рак. Ниедна вакцина која било кога сме ја проучувале или е користена за да се превенира инфекција, било кога била поврзана со канцер, вели тој.
Професорот за биологија на канцер, на Мехари медицинскиот колеџ, Доналд Алцендор за „Ју Ес Еј Тудеј“, вели дека нема основа за тврдењето дека вакцината предизвикува канцер.
Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер, според експертите за здравство.
Повеќе од 6 милијарди луѓе имаат примено вакцина против ковид-19 ширум светот и инциденцата за канцер не е поврзана со апликацијата на вакцините, вели тој.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Нема докази дека вакцините на „Фајзер“ против ковид-19 предизвикуваат карцином.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар